Со „Метео сензорот“ наскоро секој ќе може да го мери квалитетот на воздухот во Скопје

Наскоро секој граѓанин ќе може да си направи сопствен метео сензор и да добиваат информации за тоа колку е загадена околината во која живеат. Со тоа, повеќе ќе нема потреба да се чека на институциите да објават информации каков воздух дишиме, а и самите знаеме дека истите може да бидат манипулирани. Метео сензор кутијата е проект на членовите на Слободен софтвер Македонија, кој е замислен да создаде прототипи и документација за понатамошна изработка на уреди кои ќе може да собираат информации за животната средина и истите да бидат претставени јавно.

Минималниот трошок за изработка на сопствена метео кутија која ќе вклучува мерење на температурата, влажност на воздухот и бучавата, изнесува околу 3.500 денари. Но, се зависи од изборот на сензор што ќе го направи самиот корисник. Исто така, сите уреди ќе бидат поврзани на интернет и постојано ќе испраќаат податоци со една база на податоци.

„Изработката на уредот може да биде и поскапа доколку корисникот дополнително одлучи да користи и сензори за мерење на концентрациите на загадувачките материи како јаглерод диоксид, озон, прашината ПМ10 и ПМ2,5, сулфурните и азотните оксиди. Сите овие сензори се набавуваат од странство, поскапи се и кутијата би чинела околу 400 евра“, велат од Слободен софтвер Македонија.

Овој проект ја освои првата награда на натпреварот „Подобри идеи за ЕУ фондови“ организиран од Центарот за истражување и информирање „Еко-свест“. Наградата која ја доби „Слободен софтвер Македонија“ изнесува 1.500 евра и парите ќе бидат искористени за изработка на првите 4 кутии кои ќе мерат неколку параметри и ќе бидат завршени на почетокот на 2013-та година. Презентацијата за метео кутии која беше претставена пред делегација од ЕУ http://www.scribd.com/doc/114152117/Презентација-за-Метео-сензор-кутии

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
6 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
AirQualityEgg
AirQualityEgg
13 years ago
Дамјан 2смк
Дамјан 2смк
13 years ago
Reply to  AirQualityEgg

да идејата е многу слична на AirQualityEgg, иако инспирацијата дојде пред да дознаеме за тој проект. Во секој случај проектот AirQualityEgg е одличен ресурс за оваа намена. Нашата идеја малку се разликува со тоа што ќе користиме комбинација на повеќе off-the-shelf производи – за разлика од AirQualityEgg кој ќе биде готов производ.

Ванчо
Ванчо
13 years ago

Браво за Слободен софтвер!

@Аво: Мене и овој ми изгледа “реален”

Ацо
Ацо
13 years ago

Во меѓувреме еве ви еден реален еко-мерач: http://skopjefinki.ekoinformatika.mk/

тој
тој
13 years ago
Reply to  Ацо

тој мерач е затворен, колку што разбрав, податоците од метео кутиите ќе бидат слободно достапни во machine readable формат