0 коментари 2 мин. читање 29 март, 2012

Со е-училници и социјално загрозените граѓани ќе учат да работат со компјутер

Фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком стартува проект за отварање на три е-училници преку кои ќе им се овозможи и на социјално загрозените граѓани бесплатно да научат компјутерски вештини. Во моментов се распишува тендер за кој да го спроведе проектот.

Трите е-училници ќе бидат распределени во Скопје, и по еден во источна и западна Македонија. Во нив граѓаните ќе можат да учат Word, Excel, како да користат имејл и интернет.

„Во денешно време новите технологии се составен дел од секојдневниот живот и работа. Нашата цел е да ги вклучиме и оние кои немаат можност, односно кои доаѓаат од социјално загрозени средини во дигиталното општество. Преку е- училници ќе им овозможиме да ги научат основите во работата со компјутери, што понатаму може да им помогне при вработување или воопшто во секојдневниот живот. Што повеќе луѓе ефективно да учествуваат во дигиталното општество – тоа е нашата цел како фондација.“, вели директорката на фондацијата, Радмила Гутевска.

Овој едукативен проект ќе трае до 31 декември, но фондацијата ќе продолжи и со отварање центри и во 2013-та. Телеком вели дека најновите вести за проектот ќе може да се најдат по дневните весници и друштвените мрежи.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top