1 коментар 2 мин. читање 29 март, 2012

Пристигнуваат првите преносни хард дискови од 2 терабајти

Western Digital ги најави првите преносни хард дискови од 2 терабајти. Новите 2 ТВ дискови се дел од My Passport серијата и се компатиблни со 2.0 и 3.0 USB портовите. Според Western Digital, максималната брзина на пренос на податоци е 5 Gb/s. Големината ни дисковите е 2,1 x 11,2 x 8,1 cm, тежaт околу 230 грама, што би требало да значи дека прилично лесно го собира во вашиот џеб.

Заедно со дискот ќе го добиете и WD SmartWare софтверот кој е дизајниран да го поедностави правењето на резервни копии на вашите податоци. Покрај директориумите на локалните дискови на овој начин ќе можете да заштитите и содржини од вашата имејл адреса. Поедноставувањето е во тоа што по првичниот избор на директориуми за кои треба да се направи резервна копија софтверот автоматски ќе го заштити податоците секој пат кога ќе додавате нова содржина. Како и досега податоците на дисковите можете да ги заштитте со заклучување, а лозинката е хардверски шифрирана.

Сите преносни дискови од My Passport серијата доаѓаат со гаранција од 2 години, а цените се од 130 долари за 500 GB варијанта до 250 долари за 2 TB верзија на дисковите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
vali
vali
14 years ago

i eden ke koshta 150 do 200 evra :S

Мени
Заедница
Изглед
To top