0 коментари 1 мин. читање 29 март, 2012

Google ја објави првата верзија на нивниoт програмски јазик Go

Програмскиот јазик со слободен код Go, кој Google го развиваше од 2007-ма година, го претстави официјално во 2009-та и до сега го тестираше интерно во компанијата, сега е достапен за Linux, FreeBSD, Mac OS X и, „возбудени сме да најавиме“, и за Windows.

„Ја претставуваме првата верзија на програмскиот јазик Go, или на кратко Go 1, која ќе го дефинира јазикот и ќе ги постави клучните библиотеки кои ќе бидат основа за креирање на издржливи продукти и проекти.” вели Google.

Според Google, главната мотивација им е стабилноста на јазикот и програмерите треба да бидат сигурни дека програмите во Go 1 ќе продолжат да работат без промени вo многу средини.

Заедно со оваа најава, Google сподели дека App Engine SDK ќе биде надграден за да поддржува Go 1.

[youtube]Mo1YKpIF1PQ[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top