Со Акредитатор против лажни вести и неетички медиуми

Акредитатор е екстензија за Chrome и Firefox креирана од Горјан Јовановски која на корисникот/читателот треба да му покаже дали порталот е дел од етички коректни медиуми во државата.

Начинот на кој се прави ова е супер едноставен и помалку потсетува на она што Горјан го направи со МојВоздух. Наместо податоците да бидат неразбирливи и скриени на страници кои речиси никој не ги посетува сега се на врвот на прелистувачот. Со едноставно зелено (или недостиг на зелено) крукче читателот би требало веднаш да се запознае со веројатноста некој портал да споделува лажни или непроверени информации.

„Во однос на проектот Акредитатор очекуваме проектот да даде значаен придонес во справувањето со лажните вести, кои се за жал во голем број распространети, како во домашните медиуми така и на глобално ниво. 

Како што кажавме и по објавувањето на предизвикот, се очекува решенијата од Креатон да бидат целосно применливи и во нормални услови, по прекинот на превентивните мерки поврзани со КОВИД – 19 вирусот, како придонес кон забрзана дигитализација на општеството“, велат од Фондот за иновации и технолошки развој.

За Акредитатор зборувавме со креаторот на екстензијата Горјан Јовановски, кој веројатно е попознат како креатор на МојВоздух и МојМиленик.

Што те мотивираше да ја направиш екстензијата Акредитатор?

Уште поодамна размислував на темата, и сакав да најдам начин како да се бориме против лажните вести и многубројните портали кои користат неетички пристап кон новинарството. Сосема случајно го пронајдов сајтот на ЗНМ – Промедиа, и решив да ги искористам тие информации за да ги доближам до јавноста.

Кажи ни нешто повеќе како функционира кои технологии се користени за развој?

Екстензијата е правена според web extensions стандардот, со цел да работи на сите прелистувачи. Во позадина, тоа е обична HTML + CSS + JS комбинација, со дополнителен manifest фајл што ги дава метаподатоците за екстензијата. Благодареније на овој стандард, веќе не треба да се пишува различен код за секој прелистувач кога станува збор за креирање екстензија.

Дали Акредитатор е соло проект или имаше помош?

Акредитатор е соло проект, но финансиски е поддржан од КРЕАТОН повикот на Фондот за Иновации и Технолошки Развој. Бидејќи токму во време на криза како КОВИД-19, знаат да се шират многу лажни вести и информации, се надеваме дека со оваа екстензија би се помогнало да се намалат, или барем детектираат истите.

Засега се користат податоците за учесници од регистрите на Промедиа и ИАБ. Има ли план за проширување?

Тоа е доста деликатна тема, бидјеќи секој регистар има различен етички кодекс кон кој треба да се придржуваат медиумите. Започнаме со 2, со цел да нема монопол, но ги следиме како се развиваат истите, и може да се намали или зголеми тој број со цел подобро да ги филтрираме добрите од лошите медиуми.

Како е прифатена екстензијата досега? Има ли некои интересни забелешки?

Има супер позитивни, но и констукривни забелешки! Токму тоа горе што го наведов, проблемот со различните етички кодекси, е нешто што дефинитивно треба да го следиме и измениме со тек на време доколку се покаже таква потреба. Секој проект мора да е отворен за конструктивни забелешки од корисниците, бидејќи за нив постои!

Кои се плановите за иднина?

За сега сакаме да ја следиме користеноста во рамките на Македонија, а понатаму доколку се покаже како корисно, да ги контактираме активистите и новинарските здруженија од други земји со цел истото да го имплементираат и кај нив. Акредитатот е со отворен код достапен на GitHub, и дозволува секој да направи своја верзија по свои потреби. Тоа го направивме со цел да ја зголемиме колаборација и помош во време на КОВИД-19 кризата :)


Екстензијата може да ја преземете на следните линкови:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Перо Пров
Перо Пров
4 years ago

Линк нешо до екстензијата?

види ги сите огласи на kariera.it.mk