Зошто да ја играте?
- Интересна приказна и едноставни гејмплеј механики замислени за забава во кратки дози
- Два дополнителни режими кои се надоврзуваат на кампањата
- Сервирање карти по случаен избор за понепредвидливи преигрувања

На крај од напорен ден, сѐ што сакате е да се опуштите со едноставна приказна и уште поедноставни гејмплеј механики. Snezhinka е игра која се одликува и со двете работи, дозволувајќи ви да навлезете во еден преубав и крајно забавен свет полн со…
…брза акција со интуитивни контроли – движење, нишанење, пукање, користење гаџети
Story mode се одликува со интересна кампања каде имате за задача да ја пронајдете вашата сестра. За да успеете во намерата, обично треба да браните одреден објект од серија противници. Со уништување на противниците, добивате пари, а со парите отклучувате способности, алатки, оружја или придружници. Се работи за едноставна механика која е замислена да понуди брзи и забавни преигрувања.
Приказната прикажува едно проблематично доба каде владата од петни жили се труди да ги исцеди граѓаните, константно наметнувајќи различни закони, сѐ со цел да земе што е можно повеќе данок. Во поглед на мапите не бевме премногу импресионирани затоа што мисите се засноваат или во стоење во место или тапкање во непосредна близина, чекајќи ги непријателите да се појават од десната страна. Добрата работа е тоа што пукањето е забавно, особено користењето на најразлични оружја.

Многу често ќе отклучувате способности и надградби кои ве прават видно посилни. Особено ни се допадна отклучувањето и надградбата на најразлични помошници кои се борат раме до раме со вас. Ваквиот систем за напредување, кој е заснован на случајно сервирање карти, додава слој на стратешка длабочина на френетичното пукање. Дали инвестирате во сурова огнена моќ? Дали ги зајакнувате вашите одбрани? Или да се коцкате со ретка карта што може драстично да го промени вашиот стил на игра? Изборите се ваши, но сите тие се ограничени од секогаш присутната реалност на вашиот ограничен буџет.
Story mode и Challenge mode: Gate Defense, Power Plant Defense.
Независно од тоа кој предизвикувачки режим ќе одберете, ќе можете да играте со еден од осум понудени ликови. Како за почеток, само ликот на Снежинка е отклучен, останатите се отклучуваат со посебни клучеви кои се директно врзани со тоа колку денови поминувате во играта. Иако ликовите изгледаат различно, релативно исто се игра со нив; разликата е во одредени статистички подобрувања, како поголема издржливост на одредени оружја, зголемена ефикасност на проектилите, побрзо движење, и слично. Нема некоја голема разноликост во овие предизвикувачки режими, но, ете, тука се доколку сакате да ја продолжите адреналинската акција по завршување на кампањата.




Помеѓу битките ќе може да направите една од неколку активности за опуштање. Туширањето ви помага да репетирате побрзо, одењето во тоалет го обновува тајмерот на вашата алатка, јадење од автоматот ви дозволува да пукате повеќе, и слично. Ништо посебно, но сосема доволно за суптилно разбивање на монотонијата помеѓу битките.
Сите овие работи ја прават Snezhinka едноставен, но релативно забавен наслов. Играта е веќе излезена за PC, а од денеска се вдомува и во конзолите на Sony, Microsoft и Nintendo.
Повеќе детали за играта
- Произведува: hinyari9
- Издава: hinyari9
- Жанр: акција
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 13 февруари 2025 за конзоли







