Гејминг предлози: Please Be Happy и THE LONGING

Неодамна, успеавме да ја провериме визуелната новела Please Be Happy и „авантурата“ THE LONGING. И двете игри понудија пријатни гејминг сесии, така да, доколку сте расположени за впечатлива приказна или пак година-и-пол талкање низ мрачни пештери и ходници, ова се игри кои би можеле да ги ставите на вашиот радар.

Please Be Happy – Прекрасно – сладок визуелен роман со одлична глума

Зошто да ја играте?

  •  Квалитетна приказна и глума
  • Два значајни завршетоци
  •  Впечатливи цртежи и меѓу-секвенци

Please Be Happy е лесна и оптимистична визуелна новела со невообичаена приказна во градот Велингтон. Приказната се „врти“ околу Михо и нејзиното патување за самооткривање. Нејзиното минато е испреплетено со бројни мрачни настани кои ја имаат направено да се чувствува огорчено кон луѓето. Но, нејзиното пристигнување во Велингтон и дружбата со Џулиет и Аспен полека, но сигурно ја менуваат нејзината перцепција за луѓето.

Незаборавно патување кон среќата

Please Be Happy се одликва со над 220,000, а, секој збор е искористен за внимателно формирање реченици кои одржуваат имерзивен наратив. Ветувањето за две различни рути, секоја со две среќни краеви, додава вредност на преигрување, овозможувајќи ви да истражувате различни аспекти од патувањето на Михо. Како една од најсветлите точки е и одличната глума која, во комбинација со суптилните музички траки, значително ја подобруваат искуството. Ако барате релаксирачки и срдечен визуелен роман со допир на фантастичното, Please Be Happy дефинитивно вреди да го проверите.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Studio Élan
  • Издава: Studio Élan
  • Жанр: визуелна новела
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: февруари 2025 за конзоли

THE LONGING – Трпеливо и интимно запознавање со осаменоста

Зошто да ја играте?

  •  Интересна комбинација помеѓу idler и авантура
  •  Прекрасни рачно-нацртани пештери и меланхолична музичка подлога
  • Одлична можност за долго размислување за самотијата и трпението. Не заборавајте: „Kога гледате предолго во бездната и бездната ќе почне да гледа во вас

Спојувајќи ги навидум различни жанрови на неактивна игра и авантура, The Longing нуди невообичаено, но уникатно искуство. Вие сте последниот слуга на заспаниот крал и имате за задача да чекате 400 дена за да вашиот крал ја поврати неговата. Одбројување започнува во моментот кога ќе почнете да играте, неуморливо одбројувајќи дури и кога не сте во играта.

Самотија и трпение

Секогаш присутното одбројување е една од најзабавните механики во играта, барајќи од вас да имате огромно трпение, трпение кое, сакале-несакале ќе трае 400 денови. Секако, вие можете едноставно да ја стартувате играта, да ја исклучите и да се вратите по 400 дена за да го видите крајот. Но, тоа е далеку од поентата бидејќи не е само чекање во играта.

Играта нуди неколку начини да го поминете времето. Можете да го истражувате огромниот, рачно нацртан систем на пештери, откривајќи скриени тајни и решавајќи загатки засновани на време. Истражувањето е со споро темно, но со убаво меланхолична атмосфера која е дополнително засилена со саундтракот на Dungeon Synth. Низ вашите авантури можете да ги уредите просториите за живеење така што собирате предмети. Најзабавниот дел ни беше тоа што наидовме на цели томови книги кои, доколку сакате, целосно можете да ги читате преку играта. Што и да правите во играта, константно сте опкружени со чувство на осаменост, принудувајќи ве да талкате и да ја цените статичната убавина на мрачниот свет.

Доколку цените интроспективна игра и уникатен пристап кон дизајнот на игри, The Longing нуди убедливо и незаборавно патување во кое се дава посебно значење на осаменост и трпение. Ова е игра што останува со вас, дури и кога не ја играте, буквално!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Studio Seufz
  • Издава: Application Systems Heidelberg
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 5 март 2020

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments