Секоја надела е добра недела за гејминг! Во чест на оваа, копавме широко и длабоко за да ви препорачаме дали да се посветите на одредена игра или пак целосна да ја заобиколите.
Undead Inc. – Силна претпазливост!
Ветува многу, а исполнува малку
Уште и пред да излезе, Undead Inc. собра легија од гладни фанови, гејмери кои со нетрпение чекаа да навлезат во нова и возбудлива симулација со менаџирање, градење, истражување и тргување.
Арно ама, уште при првиот ден од излегувањето, Undead Inc. собра голем број негативни рецензии. На напад беа бројните или нејасни или целосно скршени механики, како и константната потреба за нелогични микро-управувања на тимот.

Често нарекувана како игра во ран пристап која не е дел од раниот пристап на Steam, Undead Inc. e неисполиран неред полн со багови и лошо-реализирани концепти. Нашето мислење е дека, моментно, Undead Inc. е игра на која допрва треба да се работи.
Доколку Rightsized Games целосно се посветат на играта и продолжат со континуирано исфрлување надополнувања кои се засновани на повратната информација од гејмерите, тогаш еден ден Undead Inc. би можела да биде забавна и интересна игра. Сега-за-сега, утеха побарајте во некоја друга симулација со менаџирање.

Walking Zombie 2 – Внимателна препорака!
Игра за мобилен, PC, но и конзоли
Во поглед на механиките, Walking Zombie 2 има направено одлична транзиција од телефон на големите екрани, независно од тоа дали ја играте на PC или конзоли. Играта знае да понуди забавна FPS акција каде користите најразлични надградливи оружја за решавање едноставни мисии и елиминирање бројни зомби чудовишта.

Но, од комерцијална гледна точка, играта навистина разочарува бидејќи ем чини 12 евра на конзолите ем ја користи секоја прилика да исцеди дополнителен денар од вас. Верувале или не, дури и откако ќе ја купите играта, гејмпеј системите константно ве „охрабруваат“ да купувате возила или оружја за абнормално многу пари. Со оглед на тоа дека и муницијата е од потрошен карактер, често ќе бидете потсетувани да ја купувате виртуелната валута за да, потоа, можете со истата да купувате куршуми, опрема, оружје и возила.

Walking Zombie 2 е забавна игра. Паметиме много пријатни моменти, но никако не ни се допаѓа што верзијата за конзолите, попрецизно за PS5 чини пари, а сепак има имплементирано безобразни F2P тактики. И покрај ова, ние успејавме да поминеме низ третина од кампањата, без да потрошиме денар. Но, лесно бевме во искушение да посегнеме по паричникот. На Steam, Walking Zombie 2 е бесплатна за играње, но би можеле мака да мачите без ултимативниот пакет од 17 евра.

Amber – Силна претпазливост
Игра која никако не ја оправдува цената од 30 евра
Иако разбираме дека Amber е резултат на неколку годишен труд на еден девелопер, цената од 30 евра највеќе ни „боде“ очи. Играта ви ветува мегично патување низ пет кралства и можности за ширење љубов, но она што ќе најдете се бројни фрустрации.
Од графичка гледна точка, Amber е исклучително лошо оптимизирана и е предизвик и за помоќните конфигурации. Дури и ова да не ви пречи, ќе наидете на нереспонзивни контроли, збунувачки гејмплеј механики, лош дизајн на мапи, едноставни аудио ефекти и, на моменти, иритирачка музичка подлога.
Од овие причини, со тешко срце препорачуваме да си го посветите времето на некоја друга игра. Amber можеби е за некого, но дефинитивно не беше за нас.

Lesson Learned: Cult of the Elizabeth – Топла препорака!
Играта е бесплатна!
Како последна четврта игра која би можеле да ви ја препорачаме е „почетната верзија“, да не кажеме демо за Lesson Learned. Cult of the Elizabeth е бесплатна игра која е замислена да ве воведе во еден бизарен свет каде, сами, или со пријател, собирате ресурси и градите кули. Потоа, со заеднички сили се соочувате со бранови и бранови од непријатели и ги ослободувате вашите сооделенци.

Се работи за игра која има симпатична графика и солидни гејмплеј механики, особено доколку сте фанови на TD жанрот. Целосната Lesson Learned игра би требало да излезе во втората полови на 2024 година. Во меѓувреме, Cult of the Elizabeth одлично презентира што би можеле да очекуваме од финалниот наслов.

Тоа беа четирите игри кои ги одбравме за вас! Што од ова би провериле, а што би скокнале? Кажете ни во коментарите!







