Во Robin Hood – Sherwood Builders ќе крадете од богатите и ќе давате на сиромашните додека се борите, ловите и градите!

Се чини дека survival жанрот и понатаму продолжува да исфрла игри со полна пареа. По неодамнешната steampunk survival верзија, Nightingale, овојпат можете да навлезете во малку пореалистична верзија каде акцентот првенствено паѓа на авантуристичка RPG игра со елементи за градење база. MeanAstronauts, во соработка со PlayWay S.A., ја разработуваат приказната на Робин Худ од малку поразличен аспект, нудејќи им на играчите да стават крај на тиранијата во целосно отворен свет!

Акционен survival

Robin Hood – Sherwood Builders е направена од многу мал тим и, порано или подоцна, некои работи ќе почнат да ви бодат очи, работи како здодевни квестови, нереални анимации, грешки во превод и лоша глума. Но, Robin Hood – Sherwood Builders е, исто така, и игра направена со многу љубов. Доколку сте спремни да затворите едно око кон одредени несовршености, играта знае да понуди часови и часови забава во еден визуелно-преубав отворен свет.

Иако приказната е втурната во второстепен фокус, сепак ќе можете (одново) да се запознаете со малку поразлична верзија на Робин Худ, Мериен, Литл Џон, Так и заеднички да ставите крај на угнетувачката тиранија. Криејќи се во преубава, изолирана шумска област, ќе биде потребно да помогнете собирате ресурси и да ја ширите вашата скромна заедница. Во ова, ќе ви помогне регрутирањето најразлични луѓе и нивното тренирање за водење различни продуктивни улоги. Паралелно со ова, ќе крадете од бројните конвои и имотите на благородниците.

Како што напоменавме, играта не е без маани, но она што го има релативно добро функционира. Благодарение на динамичното време, огромната мапа е разнолика и интересна за истражување. Грајдот не е до тој степен проблематичен и за брзо време ќе успеете да забележите значителен напредок во заедницата. Дополнително, користењето на лак и стрела има задоволителна тежина и беше забавно да го користиме за ловење или тивки елиминации.

Игра на која уште треба да се работи

Се надеваме дека со текот на времето, дополнително ќе се подобри системот за градење и ќе можат да се воведат покомплексни опции како и поголема слобода при градењето, а не само имплементирање претходно зацртани промени. Сега за сега, лесно би можеле да се здобиете со впечаток дека Robin Hood – Sherwood Builders е првенственo RPG игра со лесни survival елементи, неинспиративни квестови и ограничувачки можности за градење.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: MeanAstronauts
  • Издава: PlayWay S.A.
  • Жанр: Survival игра во отворен свет
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 29 февруари 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Myth of Empires, а потоа и да пљачкаме како да ќе нема утре со Robin Hood – Sherwood Builders. При крајот на неделава решивме целосно да се исцрпиме […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk