Остануваат уште помалку од 20 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон, а со тоа стануваат се поинтересни апликациите со кои ќе ни се олесни следењето на Олимпијадата, меѓу кои и официјалната апликација, достапна за Android и iOS, додека сопствениците на BlackBerry апликацијата можат да ја најдат тука.
Покрај резултатите апликациите ќе ви помогнат да го следите и распоредот на спортовите, доделувањето на медалите, бројот на освоени медали за секоја држава и други детали од игрите.
Покрај овие апликации кои се однесуваат на спортските настани веќе се достапни помошни апликации кои ќе им бидат од корист на гледачите на ОИ 2012 во Лондон. Истите покриваат повеќе интереси: од олимпискот оган, автобуски и железнички линии, па се до ресторани во Лондон и историски информации за локациите.
Олимпијадата започнува од 25 јули и трае до 12 август.








