1 коментар 1 мин. читање

Новата верзија на Twitter за iPhone ќе има нотификации од пријатели

Следната верзија на Twitter за iPhone ќе има големи промени, меѓу кои и „push“ нотификации од одреден корисник, открива 9to5mac кои прочепкаа во текст предвремено објавен на редизајнираниот App Store на iOS 6.

Покрај нотификациите од одреден корисник, новата Twitter апликација ќе има опција за персонализација на трендови, автокомплетирање при пребарувње, можност само со допир на лого да се префрлите на кориснички профил и подобри перформанси.

Друга интересна опција е истакнати твитови за одберени настани. Секако, новата Twitter апликација ќе го добие и новото лого.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top