Climate for Children, апликацијата на студентот на ФОН, Дарко Божиноски, ја доби наградата од публиката и 5.000 евра на натпреварот Apps for Climate на Светска Банка. Апликацијата на 21 годишниот Дарко е наменета за децата кои преку интерактивни игри и презентации учат за климатските промени. Сите податоци кои ги користи апликацијата се отворени и јавно достапни.
„Овие презентации користат различни групи на отворени податоци така што ќе го направат процесот на учење доста поинтересен за учениците, ќе ја зголемат нивната мотивација, ќе ги запознаат со последиците од климатските промени и како може тие да придонесат во овој процес.“, ни објасни Дарко.
„Според мене со поврзувањето на отворените податоци со новите технологии како интерактивнитете табли, наставниците може навистина да го подобрат целото искуството на учениците и да придонесат за развој и стимулација кај нив преку изготвување на голем број на мултимедијални и интерактивни презентации и игри кои ќе бидат достапни за широката јавност.“
Подолу се најдобрите и наградените апликации од над 50-те кои учествуваа на натпреварот:
- Прво место, Ecofacts: http://www.jengibre.com.ar/ecofacts
- Второ место, My Climate Plan: http://www.myclimateplan.org
- Трето место, Globe Town: http://globe-town.org/worldbank
- Награда од публика, CC Climate for Children: http://fon.edu.mk/cc
- НАграда за голема организација, ClimaScope: http://climascope.wwfus.org
[youtube]G3yXFkg_BmA[/youtube]







