Magix.AI е македонска стартап компанија која постои една година, но и покрај краткото време веќе имаат неколку интересни производи. Работат главно за Канада и САД, а помеѓу нивните производи може да се пронајдат: четбот за финансиски институции; предикција на „churn“; и анализа за кредитоспособност. Последната платформа со помош на вештачка интелигенција и машинско учење го прави полесно тргувањето на берза.
Платформата е достапна на нивната веб-страница и во делот на визуелизација е бесплатна за користење. Остантиот дел од производот како техничка анализа, предикции на краток и долг рок направени со ML итн се вклучени во комерцијалната понуда.
Она што го нуди платформата е визуелизација и презентација на збир на податоци на дел од акциите со кои се тргува на Македонската берза. Првенствено е наменета за финансиски аналитичари, но и за приватни инвеститори.
Корисниците имаат можност да изберат приказ на ценовно движење, тргувана количина и разни трендови во различен временски период (од 10 години па до приказ на месеци или денови). Ова не е досапно на страницата на македонската берза, или е многу потешко достапно и визуелно несоодветно.
“Се надеваме дека со оваа алатка ќе дадеме мал придонес за полесен пристап до податоците од тргувањето на берзата и дека после кризниот период, трендот на зголемување на цената на акциите што преовладуваше пред пандемијата ќе продолжи.” – изјави проф. д-р Ефтим Здравевски, предводник на Data Science тимот во MAGIX.AI.
Покрај оваа платформа Magix работи на четбот наменет за банките. Со него банките треба да добијат паметен виртуелен асистент на македонски јазик.