3 коментари 1 мин. читање

Следете го Skopje Jazz Festival 2013 со апликација за iOS, Android и BlackBerry

Македонскиот стартап CodeWell е повторно ангажиран да креира апликација на македонски фестивал. Овојпат се работи за апликација за Skopje Jazz Festival 2013 која е достапна за неколку мобилни платформи. Апликацијата е дизајнирана со визуелниот – и секогаш уникатен – идентитет на традиционалниот фестивалот кој се организира веќе 32 години, a оваа година стартува од 17 до 21 октомври.

[youtube]7hwsXOzsGvg[/youtube]

Со апликацијата може да го следите распоредот на концертот, кратки биографии за музичарите, има архива на претходни изданија и информации за билетите. Но, тоа што недостасува кај сите овие апликации за фестивали е нивната трајност. Штом помине оваа издание, апликацијата ќе нема кој знае колкава корист, што е штета за еден ваков културен џез настан. Можеби Skopje Jazz Festival (и CodeWell) ќе треба да најдат начин да го задржат вниманието на публиката, и преку апликацијата да ја воведат во светот на џезот и културата на различните земји од каде доаѓа оваа креативна музика.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top