STEM System e револуционерен гејминг контролер кој заедно со Oculus Rift ќе биде огромен чекор во подобрување на таканаречените „motion контролери“. Контролерот доаѓа од Sixense, компанијата која стои зад Razer Hydra контролерот. STEM System следи пет точки – по две на рацете и нозете и една на главата. Вака поставените контролери го следат речиси секое движење на човековото тело. Сензорите се бежични, па каблите нема да се мотаат по рацете додека корисниците играат.
Сепак се чини и покрај тоа што изгледа супериорно во однос на останатите контролери, а и интеграцијата со Oculus Rift го прави контролерот фантастичен, судбината на уредот е во рацете на девелоперите кои креираат игри, односно колку од игрите ќе го имаат интегрирано овој контролер кога ќе излезе. Игри како Clang на Нил Стивенсон секако ќе помогнат, но контролерот мора да добие поддршка од големите издавачи кои ги издаваат најпопуларните игри.
STEM System е на средина на својата Kickstarter кампања – 19 дена пред крај контролерот собра 523.000 долари, што е двојно повеќе од 250.000 долари кои им беа потребни за проектот. Минималната сума која подржувачите треба да ја инвестираат за да го добијат контролерот е 150 долари, што е цена за контролер кој поддржува две точки на следење, за контролер кој следи 3 точки цената е 200 долари, а за следење на цело тело корисниците ќе треба да издвојат 300 долари.
[youtube]UxSZ0fk_ubA[/youtube]







