ИТ настан: Поканети сте на Skopje Tech Meetup #5

1 коментар 1 мин. читање

По три години постоење Skopje Tech Meetup се подготвува за нова средба. Иницијативата, чија цел е поддршка и јакнење на ИТ заедницата, закажа Skopje Tech Meetup #5 средба на 25 мај во Public Room, а резервацијата на бесплатните билети е веќе започната.

На средбата ќе говорат Деспот Јакимовски, сениор Java инженер кој ќе говори за важноста на комуникацијата помеѓу развивачите, нивните навики и задолженија, но и комуникацијата со поддршката; и Фиданка Стојанова, PHP развивач чија тема е набљудувањето на вработените, законските импликации – за и против, како и пронаоѓање на взаемно прифатливо решение. Се разбира настанот има и друштвен карактер, па на учесниците ќе им остане простор и време и за разговор и дискусија по говорите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top