Knocki е далечински управувач кој нема да го загубите

Досега видовме куп уреди кои сакаат да го заменат комјутерското глувче и тастатурата, паметните телефони се речиси универзален контролер за сè, но тимот зад Knocki смета дека има простор за надградба. Нивниот уред без проблем го собира на дланка, а кога ќе се постави на било каква површина, Knocki ја претвора истата во далечински управувач. Knocki може да се постави на дрво, на плочки, на ѕид, хоризонтално или вертикално, а со едноставно тропање, Knocki се активира на површината на која се појавуваат команди. Командите се однесуваат за сите уреди кои се поврзани, односно се дел од интернет на нештата.

Со 45 дена до крајот на кампањата Knocki успешно ќе ја заврши кампањата. Досега се собрани над 121.000 долари од 1.500 поддржувачи, а за успешна реализација се потребни 35.000 долари. Цената во кампањата се движи од 60 до 100 долари, но најповолните понуди се веќе потрошени. Во продавница уредот ќе чини 130 долари. Првите уреди треба да бидат доставени пред крајот на 2016 година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments