0 коментари 2 мин. читање 7 август, 2015

Скопје има геофилтер на Snapchat благодарение на G6

Добри вести за сите корисници на Snapchat од Македонија. Стартапот G6 Solutions изработи геофилтер стикери за Скопје кои сите корисници на Snaphat можат да ги додадат на сликите кои ги испраќаат. „Во G6 сакаме да придонесеме и да ги направиме луѓето посреќни, сакаме и предизвици, па одлучивме да направиме стикер за Скопје и да го пријавиме во Snapchat… Вчера вечер сите побудалевме од возбуда кога дознавме дека два од нашите дизајни се прифатени и Скопје сега има геофилтер на Snapchat“, објави стартапот на својот блог.

Геофилтер налепниците се додатоци кои корисниците можат да ги додадат на своите фотографии, но само доколку се наоѓаат на некоја од локациите за кои што се достапни. На новите стикери за Скопје корисниците можат да препознаат некои од старите обележја на градот како Камениот мост и скопската тврдина Кале, но и дел од новите обележја како Триумфалната порта и Воинот на коњ.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top