За навредлив Facebook пост во Taјланд се лежи 30 години затвор!

0 коментари 1 мин. читање

Пнгсак Срибонпенг е првиот човек кој е осуден на 30 години затвор за Facebook пост. Тој доби неверојатна казна бидејќи во еден негов пост на Facebook ја навредил монархијата во Тајланд, која е заштитена со законот кој предвидува затворска казна од 15 години за секоја навреда за кралот, кралицата или некој од наследниците.

Првичната казна изнесуваше 60 години, но откако изјави дека е виновен казната е намалена за половина, пренесува Guardian. До неодама бројот на обвинети по овој закон беше само двe лица, но по промените на власта со која генералите во Тајланд дојдоа до власт, бројот на тужби е изнесува 56.

Разбирливо критичарите на законот велат дека законот се користи како оружје за справување со политичките неистомисленици. Законот важи и за странските известувачи од Тајланд, па медиумите мора да се само-цензурираат кога известуваат за кралското семејство доколку не сакаат да се најдат под лупата на про-монархистичките генерали и на тимот за набљудување на комуникацијата, наречен iLaw.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top