Сите игри од Global Game Jam Macedonia

4 коментари 1 мин. читање

Годинешниот Global Game Jam се одржа на 321 локација во 63 држави. Вообичаено немаме среќа бакви настани да се одржуваат во Македонија, но овој пат, пред се поради пожртвуваноста и ентузијазмот на организаторите на првиот Game Jam во земјава, македонските креатори на видео игри се собраа на дводневно дружење, на две локации во Скопје и Битола.

Темата на првиот македонски Game Jam беше звукот на човечкото срце, а какви игри со оваа асоцијација креаира учесниците во Скопје и Битола можете да видите, но уште поважно да ги преземете и изиграте. Global Game Jam во Македонија е целосен успех и според бројот на учесници и според интересот кој го предизвика настанот. Игрите кои се избрани за најдобири се: Igкnight (на сликата подолу) и Odium во Скопје и Love Notebook во Битола.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед