2 коментари 1 мин. читање

Добивајте SMS од Google кога има сомнителна активност на вашиот профил

Google ја подобри безбедноста на своите корисници со додавање нa SMS известување ако нешто сомнително се случува со вашиот профил.Бенефитот од ова е секој пат кога некој или вие ќе му пристапите на Google профилот од некаректаристична локација, ќе добиете SMS порака која ќе ве извести за тоа. Се разбира дека во случај тоа да не сте вие најпаметно е веднаш да ја промените лозинката.

Еве како да го вклучите SMS јавувањето:

  1. Влезете наGoogle Security, Доколку до сега немате внесено број на телефон на кој ќе ви бидат испраќани пораките одберете го сега.
  2. Спуштете се до  Notifications и во  types штиклирајте ги нотификациите по телефон.

Отсега ако некој пристапува на вашиот профил ќе добиете нотификација по СМС. Ова ќе ви овозможи веднаш да знаете дали некој пристапува до вашиот профил и да ја промените лозинката.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top