0 коментари 2 мин. читање

На Silicon Drinkabout Skopje може да се запознаете со стартап заедницата

На првиот настан имаше околу 50-тина гости, програмери, дизајнери, маркетинг специјалисти, и други кои се поврзани со стартапи, вели Ева Пиперeвска од G6, и еден од организаторите на Silicon Drinkabout Skopje.

Drinkabout е неделен настан кој има за цел да ги вмрежи стартапите, ИТ компаниите и инвеститорите. Првиот Drinkabaout беше стартуван во Лондон, а сега се одржува во 14 градови во 13 држави ширум светот, меѓу кои и Скопје. Веќе е закажан и вториот Silicon Drinkabaout Skopje кој ќе се оддржи во Стар Град Пивница со почеток во 19:00 часот.

„На Балканот Silicon Drinkabout се одржува само во два града, меѓу кои веќе е и Скопје. Идејата зад македонскиот настан е преку Silicon Drinkabout Skopje да ја поддржиме македонската стартап заедница, како и да им помогнеме на компаниите побрзо и полесно да се запознаат со млади ИТ специјалисти, стартап ентузијасти и специјалисти по дигитални технологии“.

Ваков собир може да се покаже корисен за македонската стартап сцена, која станува поактивна, но фали соработка. Често слушаме дека стартапите и инвеститорите не се познаваат меѓу себе, и дека е тешко да стапат во контакт, што во Македонија, како помала заедница, не би требало да претставува никаков проблем.

Како што вели Ева, македонската стартап сцена напредна многу во последнава година дена. Веќе има неколку стартап натпревари, постои голем интерес од младите за претприемаштвото и дружење што е голем чекор кон „закрепнување на заедницата“. Но, фали поддршка.

„Прво нешто што фали е поддржување на стартапите меѓусебно, второ активно учество на оние македонски стартап компании во реализацијата на сите активности кои се прават за заедницата, а не само определени индивидуалци, трето едукација на младите, а и повозрасните за тоа што е претприемништво, како тоа функционира во светот и како треба да функционира кај нас“, вели Ева. „Да се научат луѓето што значи да се има стартап култура, да не се сфаќа како уште едно место за брзо и лесно заработување на големи пари и да се помогне на луѓето кои навистина сакаат да постигат нешто самостојно“.

Затоа вклучете се во заедницата! Silicon Drinkabout Skopje е неделен настан на кој се повикани сите заинтересирани за нешто ново и интересно. Настанот е замислен како „afterwork настан“ и е замислен така да „ако не може да присуствувате некој петок, ќе може да дојдете на некој нареден“, вели Ева.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top