Филмовите со виртуелна реалност гo украдоа шоуто на Sundance Film Festival

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет, Софтвер

Само три години по презентацијата на виртуелна реалност на Sundance Film Festival, најголема приказна веќе не се филмовите, туку употребата на очилата за виртуелна реалност на фестивалот, вели Verge.

Годинава на фестивалот има дел кој е целосно посветен на виртуелната реалност, каде може да се најде Birdly кој им овозможува на гледачите да земат улога на птица која прелетува над улиците на Сан Франциско. Project Syria го поставува гледачот во центар на ракетен напад, а Perspective; Chapter I: The Party го поставува гледачот во улога на маж и жена на забава која подоцна се претвора во сексуален напад.

[youtube]4OrMuRFMiRk[/youtube]

Оculus ја предводи револуцијата

Oculus се реши да стартува свое Story Studio за креирање на таканаречено „ВР кино“. Нивниот прв филм Lost трае околу 5 минути, но во зависност од реакциите на гледачот должината на филмот може да биде помеѓу 3 и 10 минути. Идејата зад новиот проект е презентација на можностите на Oculus Rift во Холивуд, но и можност компанијата и сама да се запознае со предизвиците и можностите на уредот. „Знаевме како да започнеме со игрите, но немавме идеја како да започнеме со филм, со Холивуд или со кино салите“, вели Брендан Ирбе директор на Oculus Rift. Lost е виртуелно искуство кое се генерира во реално време од компјутер, режиран е од Сасчка Анселд, поранешен аниматор во Pixar.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments