Што мисли светот за Frostpunk 2?

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Frostpunk е една од нејневообичаените survival city builder-и. во 2018-та година, критички-признаеното чедо на 11 bit studios успеа да ги импресионира гејмерите со трогателна игра за преживување каде градите град во еден целосно смрзнат свет. Трудејќи се од петни жили да споите крај-со-крај во суровата околина, играта често ве принудува да донесувате брутално-тешки одлуки, особено кога се работи за управување со ограничените ресурси. Поради тоа, често донесувавте најразлични закони, од тоа како да функционира здравството, па сѐ до дистрибуцијата на храната, водејќи сметка и за моралот на луѓето.

Frostpunk има одлична вредност на преигрување бидејќи ви дозволува да започнете и водите крајно уникатни сценарија. Можете да бидете добар или злобен, да ги фокусирате ресурсите во развивање на најразлични технологии, како и да го истражувате огромниот свет. Играта може да се пофали и со три содржителни додатоци. Секој додаток воведува нови механики, единици, области, структури и многу повеќе!

На времето, Frostpunk најде легија од фанови кои беа крајно фасцинирани од целиот концепт и не им пречеше да се презнојуваат справувајќи се со предизвиците кои произлегуваат од брутално-студениот свет. Со скоро 100 000 рецензии на Steam, Frostpunk собра 92% позитивни рецензии низ годините. Продолжетокот беше повеќе од сигурен. Frostpunk 2 излезе на 20 септрември и за брзо време привлече внимание на бројни гејмери и критичари.

Што е Frostpunk 2?

Frostpunk 2 е уникатна стратегија која комбинира елементи на city builder и survival. Во сурова пост-апокалиптична верзија на планетата Земја, имате за задача да го развивате и проширувате вашиот град. Играњето во Frostpunk 2 е како танцување на меч со две острици. Од една страна, мора да ги земате во предвид лошите временски услови и константно да се справувате со последиците од преголемиот студ. Од друга страна, потребно е константно балансирање на вашето влијание помеѓу бројните фракции. Задоволување на едната фракција, обично значи лутење на другата. Навигација низ лавиринтот од бројните политички интриги и правилно справување со конфликтните интереси значително ги отежнува вашите константни напори да обезбедите доволно јаглен, гориво и храна за вашиот народ. Frostpunk 2 не е воопшто лесна игра, до тој степен да и самите автори ви препорачуваат да почнете со најлесното ниво на тежина (кое, патем, воопшто не е лесно).

Потребно е да ги организирате и реорганизирате бројните зони од вашиот град, да се погрижите да не се опуштаат луѓето и да не ја злоупотребуваат вашата воља, како и да спроведувате најразлични закони и проекти. Во моментот кога ќе ги стегнете работите во градот, се охрабрува истражување на нескротениот леден пустош преку градење колонии. Како што напоменавме, вие владеете, но народот осудува. Не се сите сложуваат со политиките кои ги формирате и правецот во кој го водите градот напред. За брзо време се формираат фракции кои бараат внимание и исполнување на нивните услови. Ваша задача е да размислите дали, кого и на каков начин ќе поддржите некоја од овие фракции, како и да се носите со последиците од таквите одлуки. Колку и да не ви се допаѓа некоја идеја, фракциите ви се потребни за извршување проекти кои се клучни за иднината на вашиот град.

Надвор од комплексната кампања, која е поделена во долги поглавја, Frostpunk 2 ви дозволува да навлезете во таканаречениот Utopia режим каде имате неограничено време и пофлексибилен простор за учење преку експериментација. Уште на самиот почеток, играта подржува бројни модови, така да лесно би можеле да создавате и ваши мапи, да имплементирате ваши модели и сценарија, како и да ги споделувате истите со заедницата.

Кои се 11 Bit Studios?

11 Bit Studios е полско развојно студио и издавачка куќа на видео игри. 11 Bit Studios е формирано во 2010 година, првенствено од претходни вработени од CD Projekt и Metropolis Software.

Со над 250 вработени, студиото се залага да понуди уникатни игри како Anomaly серијалот, но и критички-признаените This War of Mine и Frostpunk.

Како издавачи, 11 Bit Studios се имаат потрудено да се исфрлат игрите Moonlighter, Children of Morta, The Thaumaturge, Creatures of Ava, и Indika.

Во случај да сакате да проверите дел од игрите кои се издадени од 11 Bit Studios, причитајте ги нашите рецензии:


Што мисли светот за Frostpunk 2?

На Steam, Frostpunk 2 има 72% позитивни рецензии, доделени од над 6000 играчи. Голем дел од играчите се задоволни од проширените концепти кои охрабруваат константно прилагодување на неочекувани сценарија, но искажуваат жалење дека играта повеќе е политички менаџер, а помалку city/survival менаџер. Листајќи ги рецензиите, наидовме на многу гејмери кои се задоволни од приказната, впечатливата графика, одличната оптимизација на енџинот и солидната музичка подлога. Од друга страна, многу гејмери сметаат дека на втората игра и фали душа и не е ни приближно емоционална како првата игра, со незабавни механики кои не можат да носат вода на првата игра.

Со оценка од 86, ситуацијата на Metacritic е подобра. Eurogamer ѝ дава на играта 100 поени и тврди дека двојката воведува тектонски промени без да подгазува нешто што ја правеше првата игра посебна. Со 90 поени, IGN France ја величи политичката димензија и редефинираниот гејмплеј, објаснувајќи дека играта нуди фасцинантно искуство и вистински предизвик за фановите. Иронично, IGN Benelux дава на Frostpunk 2 само 65 поени, објаснувајќи дека иако играта е одличен survival builder во поглед на гејмплејот, сепак потфрлува во сите други аспекти, не нуди доволно содржини, има невпечатлива приказна и недоволно добро разработени елементи. Од 69-те рецензии на Metacritic, 68 се позитивни и се со поени над 75, само IGN Benelux се истакнува со најмал број од поени.

Што мислиме ние?

Стивен Кинг еднаш беше рекол дека на секоја книга треба да и се посвети малку време. Ако за тоа време книгата ве заинтригира – супер. Ако не, тогаш најдобро е да не се мачите со неа и да посакате повеќе среќа на наредниот читател. Ова е совет што често го применуваме и со игрите. Frostpunk серијалот не е за нас. Се мачевме да ја засакаме првата игра, се мачевме и со втората. За нас, ова е премногу комплексна игра со бројни ризици и немилосрдно барање за посвета на сето слободно време за учење преку грешки и експериментирање. Дефинитивно сме свесни за големите квалитети во играта на 11 bit и не сме рамнодушни ниту на импресивните меѓу-секвенци, ниту на графиката или пак на музичката подлога. Разбираме зошто некој би апсолутно уживал во овие игри и се надеваме дека, доколку ви се допадна она што го прочитавте во горните редови, би можеле да уживате и вие!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: 11 bit studios
  • Издава11 bit studios
  • Жанр: City Builder, Survival, Resource Management
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 20 септември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments