1 коментар 2 мин. читање 23 мај, 2014

#ShareMacedonia: Премиерот Груевски ве повикува да ги тагирате убавините на Maкедонија

Премиерот Никола Груевски ги повика сите корисници на друштвените мрежи да се вклучат во онлајн кампања во која ќе се промовира убавината на Македонија. Идејата, вели премиерот во реткото видео во кое тој наместо за политика, зборува за хаш-тагови, e да се соберат сите фотографии, видеа и постови за убавината на Македонија на едно место – на ShareMacedonia.com. На сајтот сите туристи или луѓе ширум светот ќе можат да видат што им нуди Македонија, од традиционална храна како тавче гравче, до топлината на луѓето, културата и прекрасната природа.

Доколку имате фотографии и видеа од убавата Македонија, се што треба да направите е да им додадете #sharemacedonia во описот, без разлика дали се постови на Facebook, YouTube, Instagram или Twitter, и тие автоматски ќе бидат агрегирани на ShareMacedonia.com сајтот, кој беше стартуван при крајот на ланската година од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Vecna
Vecna
12 years ago

No. -_-

Мени
Заедница
Изглед
To top