1 коментар 2 мин. читање

Асфалтот е досаден! Сакаме паметни патишта кои прикажуваат нотификации

Патишта кои се осветлуваат и светат во темнина, а преку ден генерираат електрична енергија, можеби звучат како опис на фантастичен свет во некоја ТВ серија, но тие се вистински и се проект на Скот и Џули Брусо од Ајдахо, САД. Нивните соларни патишта се составени од панели кои се креирани да произведуват електрична енергија, бидејќи нели сепак се соларни панели, со која ќе ги осветлуваат патиштата и на нив ќе прикажуваат нотификации за опасности или работа на патот.

[youtube]qlTA3rnpgzU[/youtube]

Патиштата доаѓаат со неколку предности, како греачи кои ќе ги загреваат плочките доволно за на нив да не се собира снег и лед за регионите во кои темературата зимно време паѓа под нула. Плочките се „паметни елементи“ опремени со диоди и микропроцесор кој управува со нивната работа, па диодите можат да светат независно формирајќи најразлични слики и нотификации, на пример доколку има препрека на патот или доколку животни поминуваат преку патот, може да се осветли и доколку треба да им се соопшти на возачите да забават.

Но, овие соларни елементите не се предвидени единствено за патишта, тие може да се искористат за поплочивање на патеките во дворот, патиштата и игралишта. Со оглед на тоа дека наместо исцртување на линии ќе може се вклучат/исклучат диодите на едно место може да има терен за кошарка, тенис, фудбал, сервиси или кој и да е омилениот спорт на корисникот. Доколку уште не сте убедени во користа на соларните патишта прогнозите се дека ќе го намалат производството на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина за 75 отсто. Доколку се реализира проектот во целост, би овозможила САД да генерира три пати повеќе електрична енергија отколку што троши во моментов. Не може да се изостави и дека за разлика од енергијата произведена во термо или нуклеарните електрани, кои или премногу загадуваат или постои ризик од радиоктавно зрачење во случај на проблеми со реакторот, соларните патишта произведуваат безбедна и „зелена“ електрична енергија.

Кампањата за проектот за сончеви патишта е започната на Indiegogo, а засега се собрани 372.000 од потребните 1.000.000 долари. Средствата се наменети за составување на основниот тим на инженери кои ќе им помогнат во креирање на последните измени во производот, но доколку се соберат доволно средства ќе бидат вработени и инженери од други профили кои се потребни за развој.

https://www.indiegogo.com/projects/solar-roadways#home

https://www.youtube.com/watch?v=PwHtWSFmV1Q

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top