Од денес сателитскиот интернет на една од многуте компании на најбогатиот човек на светот Елон Маск, SpaceX, е достапен и во Македонија. Компанијата ја пренесе оваа вест на својот Twitter профил заедно со потсетувањето дека имаат супер брз широкопојасен интернет со минимално доцнење (латенција). Македонија е една од првите држави во регионот во која е достапен Starlink, а наскоро е најавено и покритие во остантите земји од регионот.
Вообичаената брзина која може да ја очекуваат корисниците глобално е од 50Mbps до 250 Mbps, при латенција од околу 20ms.
За жал, како новите корисници сепак ќе треба да причекаат. Ако се обидете да ја нарачате опремата која ви е потребна на Starlink, по внесувањето на адресата ќе забележите дека влегувате на листа на резервации. Заедно со ова, доаѓа и известување дека услугата во вашиот (нашиот) реон треба да започне во второто тримесечје на 2022 година, и податоци за цената на опремата, испораката, и висината на претплатата.

Опремата за резиденцијални (бизнис услугата се уште не е достапна во Македонија) корисници чини 39.700 денари, за пакувањето и испораката се доплаќа 3.650 денари. Месечната претплата на Starlink e 6.570 денари. За да влезете на листа на чекање нема да треба да ја платите целата сума, но ќе мора да оставите депозит од 6.570 денари.
Засега нема информација за периодот во кој ќе започне испораката на опремата во Македонија, може да се чека и до 6 месеци.
Што доаѓа во Starlink опремата?

Во опремата доаѓа сè што е потребно за приклучување на сателитскиот интернет: Starlink сателитска антена, Wi-Fi рутер, потребно напојување и сите кабли, како и потребното постоље за антената.
Што е Starlink?
Starlink е оддел на компанијата SpaceX основана од Елон Маск. Последните три години со ракетите на SpaceX лансираа илјадници сателити во орбита. „Композициите“ од сателити од 2019 беа видливи и од Македонија. Целата на овие сателити е да овозможи интернет пристап и до најнепристапните локации.
SpaceX првпат јавно проговори за „соѕвездието“ од сателити во 2015 година. Идејата беше да се обезбеди покриеност и евтин интернет пристап насекаде. Starlink треба да обезбеди пренос на 50% од бекхаул (backhaul) интернет комуникацијата и 10% од локалниот интернет сообраќај во урбаните центри.
Првите тестови со сателити беа закажани за 2016 година. Тестовите доцнеа и на крај првите тестови беа на земја наместо во орбита. Првите тестови во орбита започнаа во 2018 година со 2 сателити: 1010а и 1010b. Во март 2018-та, SpaceX доби дозвола да постави 4425 сателити во орбита.
Во 2019-та година ракетата Falcon9 на SpaceX лансира 60 нови сателити. Овие тестови беа огромен успех и до јуни компанијата успеа да воспостави контакт со сите 60 сателити, а четири месеци имаа контакт со 57 од 60 сателити.
Во мај 2022-ра година SpaceX ја достигна бројката од 2500 лансирани сателити. Конечната бројка на активни сателити која ќе обезбеди потполна покриеност е 42 000.

Starlink сателитите тежат 227 килограми, се помали, покомпактни, но клучната разлика е висината на која орбитираат. Овие сателити се на висина од 550 километри што значително го намалува доцнењето.
Геостационарните сателити се во орбита на висина од 35786 километри и оттука можат да покријат голем дел од земјата. Starlink лета значително пониско и покрива помал дел, но латенцијата од земјата до сателитот е 25 до 30 ms (во пракса медијаната е 43ms). За споредба, доцнењето на сигналот од геостационарните сателити е над 600ms.

За жал барем кога латенцијата е во прашање Starlink не може да конкурира на оптичкиот интернет, но кога брзината е во прашање, ситуацијата е значително подобра.
Што велат тестовите на OOKLA?
Статистиката која ја сподели креаторот на Speedtest, Ookla покажува дека Starlink е значително побрз од конкуренцијата. Најчесто брзината на преземање е двапати поголема кај корисниците на Starlink во споредба со останатите конкуренти. За споредба земавме дел од статистиката од европските држави, а ако ве интересира како изгледа остатокот на светот може да проверите на блогот на Ookla.







Кога навистина Starlink ќе биде достапен во Македонија?
Засега единствено знаеме дека корисниците од Македонија можат да се регистрираат и да го резервираат својот уред со авансна уплата на дел од износот. Кога испораката ќе започне е тешко да се претпостави, иако и во објавата на Twitter, но и на Reddit има корисници кои се жалат дека чекаат подолго од 1 година! На Reddit дури постои и форум со корисници кои чекаат подолго од една година.

Во мај, минатата година Елон Маск откри дека имаат над 500 000 Starlink нарачки и дека веројатно нема да можат да ги исполнат сите. Дополнителен предизвик е густината на корисници во урбаните центри. Па кога бројот на корисници ќе биде во неколку милиони покривањето ќе биде поголем проблем.
Иако во мај 2021 имало 500.000 нарачки, во мај следната (оваа) година има „само“ 400.000 претплатници. Ова е значителен пораст во однос на март, кога Starlink имал 250.000 претплатници.
Дел од доцнењата на опремата се предизвикани од недоволна покриеност и максимален капацитет на сателитите. Поради ова Starlink не ја испорачува опремата ако нема покриеност или ако има ограничен капацитет. Вообичаено испораките се една, до две недели по порачката.
Времето на чекање за опремата беше една од најголемите поплаки на почетокот на оваа година. Компанијата на почетокот на годината најави дека го зголемува производството, но недостатокот на чипови, реактивирањето на карантинот во Кина, и војната во Украина ќе влијаат на производството.
Конечно спас од кабловските оператори, посебно Кабелнет Доо Прилеп.
Полу-Пингот е 20 во најдобар случај .
Пинг – 20+20=40 – ако се поклопат сите ѕвезди !
Награда 1000е слушам имало ако успееш 40 пинг да добиеш и доаѓаат одма со камера Илон и компанија да снимат интервју како доказ дека е можно 40 пинг !
Ако ти е 60-70 – „не ти е наместено како што треба ! Треба малку тоа подобро да си наместиш ! Па повисоко – ене на Кораб Мице планинарот успеал 41 да извади – за малку награда „