Proton Calender е Google Calendar, но без огласи и споделување податоци

Нема никакво сомневање во квалитетот и изобилството од функции во Google Calendar. Иако многумина се свесни за ова, сепак не сакаат да ја користат алатката од три причини – Google Calendar пласира огласи, користи тракери, како и споделува одредени ваши податоци. Поради тоа, во квестот за откривање одличен планер и организатор, корисниците го насочуваат вниманието на бесплатна алатка која е лишена од трите горе-споменати „проблеми“.

Од тимот кој стои зад ProtonMail, нѝ доаѓа алатката Proton Calendar. Работи слично на Google Calendar, но е целосно оперирана од огласи, тракери и споделување податоци. Паралелно со ова, вашиот календар е синхронизиран помеѓу прелистувачот на вашиот телефон и прелистувачот во вашиот компјутер, со што имате синхронизиран пристап и известувања и од двете направи. Тука некаде, ќе наидете и на визуелно импресивен виџет кој си го вдомувате на екранот од вашиот телефонот.

Proton Calendar се испорачува и со силни можности за шифрирање на вашите податоци, лесен скок помеѓу дневна, неделна, месечна или годишна агенда, а тука е и светол и темен режим на работа. На располагање имате и бројни различни временски зони.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments