Доколку го читате овој текст, шансите се дека имате барем еден проблем. Нема човек без проблеми. Но, за жал, нема ни многу луѓе кои можат да ви помогнат со квалитетен совет или мислење за вашиот проблем. Како и во вистинскиот живот, ниту RGB нема многу да ви помогне, но како замисла, интересно е да се спомене и на кратко презентира.
ASK RBG е веб сајт основан од вработени во истражувачка компанија која е фокусирана на реинвенција на читање и пишување преку користење огромни јазични модели, односно Large Language Models, или на кратко, AI експеримент на кој можете да му поставите прашање и да добиете одреден совет. Името RBG доаѓа во чест на починатата Рут Бејдер Гинсбург, па така и одговорите кои ги добивате се засновани на работи кои таа би можела да ги каже.
По посетување на сајтот, го пишувате вашето прашање, кое мора да е во форма на прашања со ДА или НЕ одговор. Некои одговори се сосема во ред, но некои знаат да збунат, да дадат одговор кој не е никаков одговор, или да имат многу лош ефект кај одредени лица, како во следнава три-во-едно ситуација:
И покрај тоа, се работи за интересна и забавна идеја во чест на втората жена која имала улога на судија во највисокото судство во САД. Како огромен подржувач на правата на жените, Рут Бејдер Гинсбург има работено како судија 27 години и за тоа време запаметена е како огромен борец против полова дискриминација. За нејзиното залагање за полова еднаквост и граѓански права има добиено бројни награди и признанија.
AKS RBG ги користи сите интервјуа на Рут и сите нејзини јавни говори, а, верувајте, ги има многу. Од сето тоа што го има кажано за тие 27 години, се има истренирано модел кој се вика Jurassic-1 и, според овој модел, се пробува да се предвиди што Рут би кажала и како би пресудила на одредена тема.