Grooveshark е интернет сервис за музика, една од алтернативите на Last.fm. Содржи систем за пребарување, стримање, радио и апликација која ќе ви предложи некоја група по ваш вкус, a корисниците имаат можност и самите да прикачуваат музика и да си составуваат сопствени плејлисти. Се на се, се работи за одличен сервис преку кој дури и македонските корисници можат бесплатно да слушаат музика, што една од предностите пред светски популарните Rdio и Spotify кои, поради ограничувањата со лиценците, се достапни само во одредени земји.
Но, што мисли основачот на Grooveshrark кој веќе подолго време води битка против музичките етикети? Тој има посебна визија за разлика од големите изведувачи.
„Луѓето на возраст од 12 до 30 години не слушаат радио, освен доколку се во кола, туку ја конзумираат музиката преку интернет.“, вели Сем Тарантино.
Toj сега работи на нов проект наречен Beluga кој служи како аналитички сервис за музичарите. Сервисот е бесплатен за сите, а голем дел информации се собираат токму од корисниците на Grooveshark.
„Ние можеме да видиме што е актуелно и кои песни ќе станат хитови“, истакна Сем во интервјуто за BGR кое можете да го погледнете подолу.
[youtube]Pb96udbNZv8[/youtube]