Новиот таблет компјутер на Microsoft има 10 инчен екран, што е поголем екран од другите конкурентни таблет компјутери кои чинат 200 долари. Цената за Surface не е официјално потврдена, и иако изгледа ниска, сепак многумина веруваат дека истата може да се покаже како соодветна за Мicrosoft да профитира.
Во интересен текст, Чарлс Артур од Guardian вели дека иако математички цената не прави многу смисла, сепак треба да се гледа на неа како кога добивате паметен телeфон за безпари, односно го земате на две годишен договор.
Surface нема да има поддршка за 3G, што значи дека договор како во мобилната индустрија не е возможен, но Microsoft има повеќе опции што може да ги понуди.
„Зошто да не Office 365, сервисот во облак? Тоа чини 200 долари ако се купи од продавница, па така може да го купите Surface за 199 долари и да се согласите дека ќе се претплатите за две години на Office 365.”
Идејата „држи вода“, посебно што со таква претплата Microsoft ќе го популаризира својот софтверски пакет, не треба да заборавиме дека софтверот е примарниот бизнис на гигантот, и во исто време ќе си ја претстави својата Windows 8 платформа, оптимизирана за таблет компјутери, која ќе е синхронизирана со останати облак сервиси, нешто што Apple успешно го прави со години наназад.








"зимате" -.-