Ќе може ли Samsung со пенкало да биде чекор понапред пред конкурентите?

во Хардвер

Новиот Galaxy Note 10.1 ќе доаѓа со електронско пенкало кое според фановите на Samsung, оваа технологија му дава предност на овој таблет компјутер пред конкуренцијата.

Пенкалото олеснува голем број на функции, но S-Pen доаѓа и со свои апликации: S-Memo, S-Note, S-Planer, Adobe Photoshop Touch, Adobe Ideas и многу други апликации, кои треба да им ја олеснат работата на корисниците. Покрај ова технолошката изведба на ова електронското пенкало е една од најдобрите, со зголемена прецизност и препознавање на 1.000 нивоа на притисок. Таблетот ја препознава и разликата кога екранот не го допирате со пенкалото туку со прст, па во овој случај нема да исцртува линии. Вообичаено за вакви уреди, S-Pen доаѓа со софтвер кој го препознава текстот кој го пишувате и го преработува.

Освен „пенкалото“, таблет компјутерот кој чини околу 400-500 долари зависно од моделот, е „вооружен“ со четири-јадрен процесор на 1.4 GHz, 2GB RAM, 5 и 1,9 мегапиксели задна и предна камера. Предната камера исто така ги детектира движењата на окото, а со тоа недозволува уредот да отиде во мирување.

Дали електронското пенкало ќе биде доволно Galaxy Note 10.1 да се наметне пред конкуренцијата, пред се кај креативците кои се чини се главна таргет група на S-Pen, останува да се видиме.

[youtube]RdDCRHsaAfQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments