Вчера во просториите на Infinum во Скопје се одржа првиот македонски SaaSтанак – настан кој има за цел да ја обедини заедницата на претприемачи и компании кои развиваат SaaS продукти. На настанот присуствуваа повеќе од 40-тина лица кои работат или се ентузијасти во овој домен, а со свои излагања се претставија локалниот организатор и главен “виновник” за ширење на иницијативата во Македонија, Анастас Петровски и основачот на иницијативата Леонард Елдиќ.
SaaStanak е всушност иницијатива која поттекнува од Загреб и е формирана пред три години, а досега е проширена во над 10 градови во Југоисточна Европа. Во Македонија.
“Мотивот потекнува од мојот интерес за SaaS моделите и потребата за дружење со истомисленици. Почувствував дека само конзумирам информации од оваа област, а немам со кого да ги споделам во мојата околина. Припадноста е климава во новата ера, а е многу битна работа за секој човек. Физичките дружења се важни, поважни од неколку лајкови на LinkedIn. Имањето можност да споделиш и слушнеш за искуства на луѓе кои работат нешто слично на твоето е бесценето. Врските и конекциите во многу случаеви знаат да бидат најбитни во работата,“ изјави Анастас за ИТ.мк во интервјуто Зошто SaaS заедница во Македонија?. Според него, заедницата би имала две цели: примарна цел е да се создадат нови познанства кои ќе отворат можности за соработка и размена на знаења.
Како помина првиот македонски SaaStanak?
Во фина и опуштена атмосфера и домаќински пречекани од страна на Infinum, сите присутни претставници на SaaS заедницата имаа свое кратко претставување со цел да се запознае подобро заедницата, а организаторите во кратка презентација ја објаснија целта и мисијата на оваа иницијатива, а воедно ја најавија и јунската конференција на SaaStanak во Загреб.
Во продолжение фотографии од настанот:







































