Истражувајте ги морските површини со пиратската игра Seablip!

Seablip e игра која се одликува со бројни интересни механики. Во неа, ќе можете да уредувате и управувате со целосен остров, да ги истражувате морските површини во огромен отворен свет, да водите битки против други бродови, да управувате со екипаж, да собирате ресурси со бројни алатки, па дури и да ловите риби! Но, најинтересното од сево ова, особено откако ќе видите колку е добро реализирано во играта, е фактот дека Seablip е продукт на само еден девелопер од Норвешка.

За целата игра се има погрижено Џардар Соли, а за музичката подлога – Кристијан Балвиг

Вкрстување помеѓу Faster Than Light, Sid Meier’s Pirates!, и Terraria!

Иако играта неодамна излезе во раниот пристап на Steam и посветено ќе се работи на неа се до средината на 2025 година, многу клучни механики се во целосна игрива состојба.

Можете без проблем да се движите низ островот, да собирате ресурси како дрвја, камења, да стапувате во интеракција со екипажот, да градите работи со собраните ресурси, или да ловите риби.

Самиот почеток исклучително потсетува на Terraria, особено во поглед на начинот на кој е реализирана визуелната визија, движењето, и собирањето ресурси.

Со користење на бродот за истражување на морските површини, играта зазема целосно поразлична димензија и предизвикува кај играчот дежа-ву моменти поврзани со Sid Meier’s Pirates! Ќе можете да пловите на секаде и да стапувате во најразлични интеракции.

Ќе истражувате најразлични острови, ќе се борите против пиратски бродови, за кои ќе одлучувате дали целосно да ги уништите или пак, доколку имате соодветни ресурси, да ги поправите и користите во иднина. Во поглед на борбите, покрај стандардни топовски напади, ќе можете да фрлате отровен гас или пак да напаѓате со огин. Во одредени ситуации, ќе можете да комбинирате неколку елементи, како вода и струја (читај: гром), за уште подеструктивни ситуации.

Сите бродови ќе можете да ги надградувате со дополнителни топови, да го проширувате просторот за сместување роба, да вработувате уште луѓе да ви помагаат со одредени обврски, како и да се занимавате со пљачкање, купување и препродавање одредени добра. Чисто за споредна, имате на располагање над 48 уникатни надградби поврзани за вашиот брод.

Покрај тоа што можете да надградувате бродови, надградби се можни како за вашиот лик, така и за вашиот екипаж. Во зависност од ситуациите во кои се впуштате и вие и вашиот екипаж добивате искуствени поени. Соберете доволно и ќе можете да ја зголемувате интелигенцијата, здравјето, или пак среќата. Подоцна во играта, се отклучуваат дополнителни способности кои се засноваат на случаен избор.

Во Seablip, главниот заплет се врти околу вашата желба да го осветите вашиот дедо. Но, таквата приказна сеуште не е целосно разработена.

Времето кое е одделено за раниот пристап на развојот, ќе биде искористено да се доврши приказната, да се воведат дополнителни мини игри, како интересната мини игра поврзана со риболовот, како и да се вметнат повеќе острови, и подобра поддршка за контролер.

Жал ни е што демото сеуште не е достапно бидејќи нудеше одличен увид во играта, но, доколку ви се допадна поголемиот дел од она што го прочитавте во горните редови, тогаш топло ви препорачуваме да се охрабрите и да скокнете во едни нови, мистериозни води.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Jardar Solli
  • Издава: Vibedy
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 17 мај 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments