Samsung направи шоу во Берлин – претстави уред за виртуелна реалност, Galaxy Note 4, Note Edge и Gear S

Samsung имаше одлична презентација на IFA 2014 во Берлин. Покрај очекуваните Note 4 и Note Edge, беше претставен и првниот уред за виртуелна реалност на јужнокорејскиот гигант. Gear VR е првиот обид на Samsung да се вмеша во борбата меѓу уредите за виртуелна реалност која е предводена од Facebook и Oculus Rift. Но, за разлика од Oculus Rift, кој од почеток е креиран и замислен да биде уред кој ќе ви ја донесе виртуелната реалност во домовите, Gear VR е замислен како додаток на Galaxy Note 4 и по тоа е поблизок до картонската направа од Google отколку до Oculus Rift.

Gear VR е партнерство со Oculus Rift, со тоа што софтверот е делот на стартапот, а хардверот е дело на Samsung. Уредот доаѓа со две леќи кои се фокусираат на екранот на Galaxy Note 4 и го овозможуваат 3Д искуството. „Кутијата“ доаѓа и со акцелерометар и жироскоп кој помагаат да се следи вртењето на главата, но без притоа да се следи поместувањето напред или назад. Со оглед на тоа дека уредот доаѓа со Note, екранот е 5,7-инчен 2.560х1.440 Super AMOLED. Покрај сликата од телефонот доаѓа и звукот и искористената технологија прави да изгледа дека звукот доаѓа од сите страни, пишува Engadget. Цената и датата на излегување се засега непознати, но Samsung најави дека Gear VR ќе биде достапен пред крајот на годината.

[youtube]VO6T4M4VMuk[/youtube]

Galaxy Note 4 е еден од уредите со кој Samsung стана препознатлив играч на пазарот на телефони. Компанијата се уште не менува премногу кога е во прашање еден од нивните најдобри телефони, но овојпат Galaxy Note 4 доаѓа со 5.7 инчен Super AMOLED quadHD екран со 550 ppi. Поголемиот екран ќе значи и побрзо празнење на батеријата. Но, во Samsung тоа го решаваат со побрзо полнење на батеријата, телефонот сега ќе се полни до 50 отсто за 30 минути што е речиси двапати побрзо од Note 3. За разлика од претходникот новиот телефон ќе доаѓа со поприродно чувство при работа со S-Pen, подобро отстранување на околниот звук доколку корисникот зборува од погласно место, подобра предна камера која сега е 3.7МР и подобар скенер на отпечатоци на прстите. Последен новитет кој го најави Samsung е UV скенерот кој доколку корисникот го изложи телефонот на сонце ќе може да го извести за UV-факторот.

Galaxy Note Edge е можеби најинтересниот телефон кој Samsung го претставил подолго време. Во најголем дел телефонот е Galaxy Note 4, со една разлика дисплејот на екранот се превиткува преку десниот раб на телефонот, со тоа креирајќи простор за дополнителна лента. На оваа лента се поставени шорткати, нотификации или команди на пример за камера или некоја друга апликација која е отворена, на која се достапни сите потребни информации при фотографирање. Еден од најголемите недостатоци е што телефонот ќе биде покорисен за деснаците. Како и Note 4 и Note 4 Edge може да биде преголем, а променетата форма прави телефонот да биде малку неудобен за користење, вели Engadget. Двата телефони се направени со алуминиумска заштита околу рабовите на телефонот.

[youtube]XnL9WZcPOv0[/youtube]

Новиот часовник од Samsung, Gear S е најубавиот часовник од јужнокорејската компанија до сега, а според хардверот станува збор и за најмоќниот часовник кој е достапен на пазарот. Часовникот доаѓа со Tizen оперативен систем и најверојатно во Google не се пресреќни што Samsung не го избра Android Wear за својот најмоќен часовник. Овој пат во Samsung не се обидуваат да ги збутаат сите опции кои се достапни на паметните телефони и да ги префрлат на уред со дисплеј помал од 2-инчи. Наместо ова часовник треба да го замени телефонот кога ќе излегувате, за примање и испраќање на пораки или добивање на „turn-by-turn“ информации за патот. Со оглед на тоа дека секој нов уред е добар колку што има апликации на него, во Samsung се погрижија и велат дека Gear S ќе доаѓа со 1000 апликации, и дека речиси се може да се прави без телефонот иако 2 инчниот екран изгледа претрапаво за пишување и на покуси имејл пораки.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments