0 коментари 2 мин. читање 3 септември, 2014

Стартапи, одвојте време за анкета на ЕУ за македонската стартап сцена

Во тек е истражување за регионални и локални стартап сцени, предводено од Inventures.eu од Виена, чии резултати подоцна ќе бидат презентирани пред Европската Комисија. Зависно од резултатите ќе бидат одличени идните директиви и грантови со кои Европската Комисија ќе инвестира во европската стартап сцена која заостанува зад американската. Еден таков проект во регионот, поточно во Бугарија, се стартап акселераторите како Eleven и LAUNCHub кои се поддржани со пари од Европскиот инвестициски фонд (EIF). Овие акселератори работат со стартапи од Централна и Источна Европа, и веќе инвестираа околу 50.000 евра во два македонски стартапи – Tesseract Interactive и u:Plug.

Затоа, за да се открие сликата за македонската стартап сцена, Inventures.eu ги повикува сите македонски стартапи да ја пополнат анкетата, која „нема да ви одземе повеќе од 34 секунди“, и да ја претстават состојбата пред Европската Комисија. Рокот е до 4-ти септември.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top