„Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина безрбетници. И тука – нема компромис!“ – Никола Младенов
Да сакате да бидете слободни или да ја знаете вистината? За жал во Македонија ги немате ни двете. Затоа четвртата конференција за интернет активизам Engage.mk на Радио МОФ, се случи во право време, помеѓу сите бомби, протести, студентски револт и граѓански гнев. Гостувањето на финскиот ко-основач на Pirate Bay и интернет активист, Питер Сунде, и ко-основачот на исландската Партија на пиратите, Смари Мекарти, само го зголеми интересот за активизмот и за прашањето што може да направиме за да се чуствуваме слободни.
Oмрaзaтa ни стaнa тренд a, не чувствo. Гoспoдинoт Тoмислaв Кежaрoвски @ #engagemk #skopje pic.twitter.com/4XInOXs9c7
— ind.o.g (@indog) April 18, 2015
Гост беше и Томислав Кежаровски, еден од ретките новинари кои завршиле во затвор во модерна Македонија, кому му требаше првенствено слобода за да може да ја открие вистината. Гости беа и новинарите од Mediapedia.mk, Сашка Цветковска, Мери Јордановска и Владо Апостолов, кои покажаа дека кога „преку ноќ некој ќе стане и ќе си купи три медиуми, што ќе се претворат во регионални со пари од власта“ тогаш знаете дека медиумите веќе не им служат на граѓаните. Медиумите, за жал, сега работат за македонската олигархија да се богати, додека тие продаваат пропаганда за „розева“ Македонија.
Си станале едно утро тројца бизнисмени и си решиле да си купат по два медиуми – @apostolov80 на #engagemk
— Goran Peoski (@azder) April 18, 2015
Кога технологијата не може да ви помогне
Технологијата може многу лесно да го открие центарот на моќ. Владан Јолар од Share Foundation претстави фасцинантно истражување во кое покажа како преку следење на IP адреси и интернет сообраќајот во Србија, е откриено дека податоците на корисниците се тргуваат помеѓу разни агенции и префрлуваат преку различни земји. Истражувањето открива дека властите имаат пристап до сите кориснички податоци кои поминуваат низ серверите на операторите. Дека се тргува со корисничките податоци. Дека приказната за NSA не е важна само во САД, туку шпионирањето се случува тука. И не само на мобилните разговори. Сега, полесно од било кога, личните податоци се принесуваат на тањир на властите. Но, прашањето е дали можеме, дали сме слободни да направите нешто околу тоа?
За да си ја зачуваме приватноста треаба целосна изолација од технологијата !? да #engagemk
— St. Aleksandar (@StAleksandar1) April 18, 2015
Што може да направите за вашата слобода?
За многумина стрипот е само забава. Но, за Игор Стевковски, илустраторот на стрипови во неделникот Фокус, стрипот е една „луцидна алатка во борба против перверзираните вредности во македонското општество“. Со стрипот може да пренесете јасни пораки со кои може да го одржите духот на нарадот, кој ако се убие, тогаш следува апатијата од која не може да се излегува.
Игор Стевковски: „Некои луѓе прво го читаат стрипот, па после Фокус“ #engagemk
— Радио МОФ (@RadioMOF) April 18, 2015
За многумина достоинството е помалку важно. За Климентина Илијевска и продавачите на уличното списание Лице в лице, да знаеш дека си почитуван те прави да се чувствуваш како човек, да бидеш храбар во твоите одлуки и да се ослободиш од проблемите. Tие проблеми за продавачите на Лице в лице се далеку посуштествени од повеќето други – тие се борат за леб, за кров над глава – и сепак успеваат да бидат горди во тоа што го работат. Но, и на нив им е потребна хумана поддршка.
Лице в лице е светла точка у мрачната реалност на Македонија! Секоја чест и длабок наклон! #EngageMK
— #ТикТакТикТак (@toVornottoV) April 18, 2015
За многумина податоците се недостапни. За Горјан Јовановски, креаторот на апликацијата Мојот Воздух, тие се клуч кон слободата. Со отворените податоци технологијата се става во корист на граѓаните, да истражат и откријат што се крие во информаците.
У Министерство за Животна средина не ги бендисала мобилната апликација "Мој воздух" на Горјан Јовановски. Surprise, surprise! #engagemk
— Kristina (@keekee723) April 18, 2015
За многумина почитување на законите е ирелевантно во Македонија. Но, според граѓанскиот активист Павле Богоевски кога знаеш како и зошто дејствуваш тогаш секој јавен протест се претвара во моќна алатка во борба против власта. Но, и против провладините медиуми и нивната пропаганда чија цел е единствено да го уништат легитимниот протест. Ако знаеш дека вандализмот и насилството се глупав начин да пренесеш идеја, и знаеш како правилно се дејствува, тогаш можеш да бидеш помоќен од нив.
Во одреден контекст, граѓанската непослушност се изедначува со ненасилен граѓански отпор. – П. Богоевски #engagemk
— ЈорганЧе (@Jorganche) April 18, 2015
Кога се плашиш од злоупотребата на моќ, и моќта да злоупотребуваш.
„What I fear most is power with impunity. I fear abuse of power, and the power to abuse“ е цитат на Исабел Аленде, со кој интернет активистот и ко-основач на Пиратската партија на Исланд, Смари Мекарти, ја отвори својата презентација. Покажувајќи слики од Парламентот на Р.М. и премиероот Никола Груевски, исландскиот активист испрати јасна порака дека двата ентитети никогаш нема да се извлечат од „војната врз јавноста“.
Во прилог на сегашнава ситуација NOT GONNA GET AWAY WITH IT !!! @smarimc #engagemk pic.twitter.com/olKrTFoPjv
— St. Aleksandar (@StAleksandar1) April 18, 2015
You lost the right to be surprised that your Government does infringement the first time you heard of it and did nothing. #engagemk
— Dona Коsturanova (@malaovca) April 18, 2015
Но, за да се суди правилно, потребно е да се има транспарентност. Иако одлуката е на граѓаните, тие никогаш не треба да ги остават политичарите да бидат моќни. Граѓаните секогаш треба да бараат од властите да ги оправдаат своите одлуки, треба да знаат што се случува, зошто се случува и што ќе добијат од тоа? Граѓаните треба да бараат одговори!, и тие одговори треба да започнат со аферата со прислушувањето. Тоа е велепредавство кога власта ги прислушува своите граѓани, вели Смари, и треба да разбереме дека властите мора да бидат отворени кон граѓаните. Но, граѓаните исто така треба да разберат дека има многу препреки, и наместо да размислуваат за нив, тие треба да наоѓаат начини како да ги решат проблемите.
I copy therefore I am
Питер Сунде е популарен активист. Не само заради тоа што лежеше во затвор додека сите други симнуваа филмови од The Pirate Bay, туку бидејќи им пркосеше на поголемите од нив поради своите идеали. „Ние бевме луди, премногу луди за нив, и тие [Холивуд] не не разбираа, не викаа терористи“, вели Сунде. „Но, никому не му беше гајле“.
"Instead of trying to become the western world, try to become better than the western world!" @brokep on #engagemk
— vasko_t (@vasko_t) April 18, 2015
Сунде низ својата презентација ја објаснуваше битката на Pirate Bay против властите, но истовремено објаснуваше дека е можно да им се спротиставиш со невообичаени и креативни механизми. Индиферентност кон властите кои со години се обидуваа да го изгасат торент сајтот, ги направи The Pirate Bay култен сајт. И во еден период вистински религозен култ. Започна на шега, но се стана посериозно кога сфатија дека законите забрануваат прислушување на религозни ентитети. Не беа религиозни, немаа богови, но најдоа механизам со кој ќе им пркосат на противниците. Тоа случајно откритие им даде една мала предност да се глупираат. Знаеја дека се слободни, и дека можат да се забавуваат.
„Не треба ни вас да ви е гајле. Западот е забеган веќе со цензурата, но никому не му е гајле за вас [за Македонија]. Вие можете да се забавувате колку сакате. Можете да правите кул работи…. Но, наместо да копирате само, направете ги подобри“, вели Сунде.







