(Ова е гостински пост на Емир Слезовиќ, ко-организатор на Funky CoWorking Friday, настан кој ја промовира coworking културата во Македонија. Постот е првично објавен на Medium, и реобјавен со негова дозвола)
Сѐ повеќе и повеќе компании ги користат придобивките од медитација. Многу од Fortune 500 компании, вклучувајќи ги Google, Yahoo, Apple, Nike, HBO овозможуваат медитациски и mindfulness работилници за нивните вработени. Голем број на славни личности и врвни директори велат дека медитацијата им помогнала да станат подобри лидери.
Медитација не е само за внатрешниот мир, туку и за напредок и успех
Моменталниот динамичен животен стил вклучува стрес, преоптовараност со информации и добар сон е секогаш потребен.

WeWork members meditate at the company’s headquarters. Credit Cole Wilson for The New York Times
Постојат придобивки околу медитацијата која е директно поврзана со работење:
- Пониско ниво на стрес — со медитирање може да се намали нивото на стрес хормонот – кортизол во телото.
- Когнитивни вештини — само 20 минути медитирање дневно може да го зголеми фокусот и подобро процесирање на информациите под временско ограничување.
- Некои техники на медитација може да го подобрат креативното размислување.
- Подобар перформанс во работата — медитацијата нѐ учи како да ги контролираме контрапродуктивните нагони.
Тим Ферис, познатиот автор на книгата „4-hour work-week“ ја препорачува медитацијата и ја користи како рутина во неговите утрински и навики пред спиење.
Како да почнеш сам со медитирање?
Ви ги препорачуваме следните алатки кои што ќе ви помогнат доколку сами сакате да научите да медитирате. Headspace и Calm app се iOS и Android апликации кои што ве водат во учењето за како да се медитира. Бесплатните верзии се ограничени. Целосните верзии вклучуваат сесии на медитација за подобра поврзаност со другите, подобар перформанс, здравје и за нив има претплата.
Ви ја препорачуваме Tara Brach каде што може да се пронајдат разновидни бесплатни ресурси од книги, CD-а, блог постови и подкасти кои би помогнале во патот за подобра медитација.

Image courtesy of Dingzeyu Li/Stocksnap







