Живееме во дигитално време, каде што преку уред можеме да комуницираме, работиме, учиме, нарачаме пица и што уште не…
Па така, времето поминато пред екраните и известувањата имаат сериозно влијание врз нашиот секојдневен живот. Во 2023 просечното време поминато пред екраните на глобално ниво за луѓе на возраст од 16 до 64 години е околу 6 часа и 30 минути дневно.
Балансот на времето поминато пред екраните и менаџирањето на известувањата е поважно од било кога. Во оваа насока, прочитајте во продолжение што нуди апликацијата AppBlock.
AppBlock е мобилна апликација дизајнирана да ја врати контролата на вашите дигитални навики. Со своите карактеристики, AppBlock ви овозможува брзо и лесно да ги блокирате апликациите, веб-страниците и известувањата кои што ви го одвлекуваат вниманието, со што ефикасно се намалува времето поминато пред екранот и се поттикнува поголема продуктивност.
Што нуди оваа апликација?
- Брзо блокирање: Блокирање на одредени апликации само со еден клик.
- Персонализиран распоред: Овозможува блокирање на одредени часови во денот, со што би ја подобриле вашата продуктивност во тие часови
- Статистика: Го анализира вашето дигитално однесување и ви овозможува увид во најфрекфентни дистракции.
- Родителска контрола: Поставување на ограничувања, блокирање на несоодветни апликации и веб-страници со што овозможува онлајн безбедност за вашите деца.
- Подобрена продуктивност: Со сите функционалности кои што ги нуди апликацијата, целта е зголемена продуктивност и фокус на работите кои што навистина вредат.
AppBlock за бизниси
Просечно, вработените ги проверуваат своите телефони 96 пати дневно. Оваа апликација нуди верзија за бизниси во која се достапни следниве функционалности:
- Неограничено блокирање на апликации и веб-страници
- Подобрена статистика
- Повеќе персонализирани распореди, брз блокирачки тајмер и други функционалности
Апликацијата ја користат вработените на многу компании, меѓу кои и вработените на Google, Microsoft, Tesla, Skoda.
AppBlock за студенти
Известувањата од разно-разни апликации и те како го одвлекуваат вниманието на студентите за време на учењето. Функционалностите што ги нуди оваа апликација би му биле од корист на секој студент при студирањето. Дополнително, апликацијата нуди и студентски попуст. На следниов линк се достапни повеќе информации за попустот и кои функционалност ги нуди.
Апликацијата е достапна на Google Play, App Store, AppGallery, како и екстензии за Chrome i Edge.