CrazyLabs со ексклузивен настан отвора дебата за иднината на вештачката интелигенција во Македонија

Вештачката интелигенција сè повеќе преминува од теорија во реална деловна примена, па така прашањето повеќе не е дали компаниите треба да размислуваат за ВИ, туку како да ја изградат својата стратегија околу неа. 

Токму со цел да ја отвори оваа дебата меѓу носителите на одлуки, компанијата CrazyLabs на 14 јули организира ексклузивниот настан “Crazy for AI: Executive Edition”, наменет за основачи, извршни директори, членови на управни одбори и бизнис лидери од ИТ секторот во Македонија.

Во интервју со Саги Шлисер, Founder и CEO на CrazyLabs, и Даниела Мишевска Топуков, Site Manager на CrazyLabs Македонија, разговаравме за мотивацијата зад организирањето на настанот, потребата од појасна ВИ стратегија кај домашните компании и предизвиците што стојат пред поширокото усвојување на вештачката интелигенција во земјата.

Настанот е од затворен карактер и бројот на места е ограничен. Заинтересираните можат да поднесат барање за покана преку следниот линк, по што ќе добијат потврда за присуство. 

CrazyLabs

IT.mk: Што беше мотивацијата зад организирањето на “Crazy for AI: Executive Edition”, и каков разговор очекувате да поттикнете меѓу бизнис лидерите, институциите и академијата во Македонија? 

Саги Шлисер: Мотивацијата е едноставна и произлегува од нешто што внимателно го следам во изминатата година. Македонија се наоѓа во клучен момент кога станува збор за вештачката интелигенција. Се развива Везилка, Министерството за дигитална трансформација работи со голема динамика, а академската заедница, особено ФИНКИ, е активно вклучена. 

Но, кога разговарам со директори и сопственици на компании, постојано го слушам истото: „Секојдневно читаме за ВИ, но не знаеме што конкретно треба да направиме во понеделник наутро.“ 

Токму тој јаз сакаме да го надминеме со „Crazy for AI: Executive Edition“.Претходните изданија беа од генерален карактер и наменети за секого, и тоа имаше своја вредност.Ова издание е намерно поинакво. Го организираме како ексклузивен настан со покани, наменет за луѓето кои навистина носат одлуки – основачи, извршни директори, членови на управни одбори и лидери на бизнис единици, кои сè почесто се соочуваат со прашањето: „Која е нашата ВИ стратегија?“ а сè уште немаат јасен одговор. 

Она што се надевам дека ќе го донесеме на овој настан е дел од практичното искуство што израелскиот стартап екосистем го градел во изминатите две децении. Израел не стана технолошки лидер поради една компанија или еден успех, туку затоа што илјадници професионалци постојано и отворено ги споделуваа своите искуства – што функционира, а што не. Би сакал токму таква култура на искрена размена на знаење меѓу лидерите да почне да се гради и во Скопје, паралелно со сè што веќе се создава овде. Ако учесниците си заминат со појасна слика што треба да направат во следниот квартал и со неколку нови контакти на кои можат да им се обратат, тогаш настанот ќе ја исполни својата цел. 

Кои се најголемите бариери за поширокото воведување и користење на ВИ кај македонските компании – талент, инфраструктура, капитал или пак нешто друго?

Даниела Мишевска Топуков: Иако имаме одлична технолошка основа и талент, вистинскиот предизвик денес лежи во тоа како вештачката интелигенција да се преточи во долгорочна деловна стратегија.

За компаниите надвор од ИТ секторот, сосем природно е во оваа фаза да бараат појасни патокази и конкретни примери кои ќе им покажат како оваа технологија може да реши специфичен проблем во нивното секојдневно работење. 

Во исто време, претпазливоста кај малите и средните претпријатија кога станува збор за финансиски вложувања е сосем логична и одговорна деловна пракса – менаџерите едноставно сакаат поголема предвидливост и докажани резултати пред да определат значителен буџет. 

На крајот, сè се сведува на еден заеднички процес на учење и на потребата од создавање успешни локални приказни кои ќе им помогнат на лидерите со поголема сигурност да го направат тој следен чекор. 

Токму тоа се стремиме да го постигнеме преку нашата серија настани „Crazy for AI“, со надеж дека и останатите локални лидери во областа ќе ни се придружат во транспарентното споделување на успешни приказни и искуства од реалната примена на ВИ. 

Колку образовниот систем и академијата денес произведуваат кадар подготвен за ВИ економијата, и што недостига? 

Даниела Мишевска Топуков: Универзитетите создаваат квалитетна техничка основа, но технологијата се развива многу побрзо од наставните програми. Затоа е потребна уште поблиска соработка помеѓу академијата и индустријата, повеќе практична работа и користење на реални ВИ алатки и проекти. 

Континуираното учење одсекогаш беше клучно за напредок, но денес е потребно многу повеќе од било кога за секој професионалец.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk