3 причини зошто Bang-On Balls: Chronicles има 97% позитивни рецензии на Steam

Покрај откачен наслов, Bang-On Balls: Chronicles се одликува со откачен гејмплеј спакуван во шармантен отворен свет и релаксирачки механики за истражување. Ова се чини дека е добитна формула за девелоперите Exit Plan Games кои со многу труд и посвета успеаја да присоберат 97% позитивни рецензии. Во оваа прилика, ги разгледуваме трите клучни причини поради кои сметаме дека играта го оправдува високото мислење на гејмерите.

Кои се Exit Plan Games?

Exit Plan Games е Полско студио со седиште во Варшава. Студиото е основано во 2019 година од страна на Хосе Тајксира и Демиен Мониер – двајца ветерани кои претходно имаат работено на ААА игри како The Witcher 3, Gears of War, and Cyberpunk 2077!

Exit Plan Games e значително помало студио, но, откако ќе ја проверите Bang-On Balls: Chronicles ќе видите дека големи работи сепак се можни и со малку луѓе.

„Во текот на нашата кариера, правевме игри кои бараа многу висок квалитет на најразлични фронтови. Тесни контроли, разновидни механики, паметен дизајн, многу содржини, сложени системи со вештачка интелигенција, и така натаму, се со цел масивните мапи да се чувствуваат живи и забавни за играње со часови и часови. И покрај тоа што сега сме инди-развивач, ние го применивме токму истиот пристап и стандарди овде“, објаснува Демиен за Bang-On Balls: Chronicles

1. Забавни механики за соло или локален и онлајн ко-оп

Bang-On Balls: Chronicles влече силна инспирација од игрите како Super Mario, Sonic the Hedgehog, и Crash Bandicoot, но тоа никако не ја прави играта како бледа и неспоредлива копија. Напротив, чедото на Exit Plan Games нуди уникатна забава каде играте како топка која истражува најразлични светови, се спротивставува на други непријателски топки и решава квестови. Како шлаг на торта, решавањето на овие квестови ве доведува до едни од најкреативните битки со босови.

На располагање имате бројни и огромни светови. Секој од нив е изграден според одредена тема и на вас е да одлучите каков свет сакате да истражувате. Па така, можете да се втурнете во времето на Феудална Јапонија, да запливате во пиратски води, да истражувате вселенски пространства или пак да се вратите во времето на викинзите. Запрепастувачки е колку енергија е вложено во дизајнирање на секој од световите, до тој степен да во ниеден момент нема да почувствувате мрзеливо рециклирање на содржините. Секое парче земја е полно со активности и интересни работи за истражување и константно наидувате на можности за собирање валута со која можете да купувате најразличнични работи од козметичка вредност.

Во овие светови навлегувате сами, преку поделен екран (local split screen) со уште едне играч до вас, или пак онлајн со до четири играчи. Независно од тоа како ќе решите да играте, забавата се чини загарантирана затоа што зад секој агол се кријат бројни активности кои обично ги завршувате со многу скокање, џиткање од една до друга страна, или пак користејќи одредени способности.

2. Модни војни во преубав свет и одлична музичка подлога

Ако нешто има Bang-On Balls: Chronicles за извоз тоа се бројни козметички работи кои доаѓаат во форма на шлемови/ капи, оружја, штитови и предмети. Низ преубавиот свет константно ви се пружаат можности за собирање најразлична валута, нешто слично на она што го прават Lego игрите, само што наместо лего коцкички, вие овде собирате топчиња. Кога ќе наидете кон одреден лик, можете да му ги префрлите топчињата за да ликот, па, експлодира и ве награди со одреден предмет кој подоцна го користите за дотерување. Интересно, топката може да се нашминка и според знамето на одредена земја – ја има Македонија!

Опциите за уредување се зашеметувачко бројни и по неколку часовно играње ќе можете да создадете целосно уникатен лик. Сите овие работи се добиваат во играта, преку играње на играта и за ниедна работа не трошите вистински пари.

Графичкиот енџин е одлично опримизиран и е вистински визуелен празник за очи кој, во комбинација со разиграната музичка подлога, шири позитивни вибрации и го слави секој момент што го поминувате во играта. Без да знаеме ништо за играта, навлеговме набрзинка само да ја провериме, но не можевме лесно да ја оставиме и изгубивме добри два часа скокајќи од едно до друго место и отклучувајќи најразлични предмети со братанчето.

3. Прекрасна опција за семејно дружење

Со оглед на тоа што има и локален и онлајн ко-оп, прекрасната формула на Bang-On Balls: Chronicles нуди одлични можности за откачена и релаксирачка забава и од комфорот на вашиот кауч и онлајн. Ова е неверојатно брза и забавна игра соло. Но, забавата достигнува целосно ново ниво кога ќе заиграте со најблиските и со заеднички сили ќе започнете истражување магични светови и координирано справување со босовите. Без никакво сомневање, Bang-On Balls: Chronicles е игра полна со душа и занимација која тимот на ит.мк ви ја препорачува од срце!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Exit Plan Games
  • Издава: Untold Tales, CouchPlay Interactive
  • Жанр: Ко-оп авантура во отворен свет
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 5 октомври 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk