Совети за кредитни картички и услови од сертифициран брокер

Ова е гостински текст на Димитар Таневски, кој е долгогодишен приватен инвеститор, финансиски консултант и брокер, познат по својата експертиза во идентификување на профитабилни инвестициски можности и развивање на ефикасни финансиски стратегии. Покрај својата успешна кариера во финансиите, тој е и ко-основач на Ways2Help – иницијатива за помош на социјално загрозени семејства и алумни на BEST (Board of European Students of Technology), студентска организација за поддршка и развој на младите во технички науки.


Како дел од  едно модерно општество, често се соочуваме со различни финансиски обврски и трошоци. За да се справиме со нив, банкарските картички се од суштествена важност. Во продолжение образложувам неколку видови на банкарски картички кои се нудат во Македонија, истакнувајќи ги нивните специфични предности.

Поаѓајки од моето сопствено искуство, како личност што се информира детално и користи 7 типа на картички од различни банки, подолу ви образложувам мое лично искуство и истражување со цел најдобро искористување на бенефитите.

Финансиските институции заработуваат од секоја наша трансакција, што е мотив за нив да понудат производи кои носат бенефити за корисниците. Дел од овие бенефити се врзани со трансакциски картички – дебитни и кредитни издадени од вкупно 13те банки кои оперираат во државата. Во продолжение давам преглед на некои од овие картички и бенефитите кои се нудат.

Силк Роуд Банка АД Скопје се наследници на “Алфа банка” и се единствени што нудат “American Express” картичка во Македонија. “American Express” картичката глобално има високо компетитивни бенефиции, но за жал кај нас се достапни само дел од нив. Сепак, и тие се сосема доволни за да го привлечат вниманието на корисниците.

“American Express Point” дебитната картичка има 1% повраток на средства на секое плаќање извршено во нашата земја.

Извор: https://silkroadbank.com.mk/Cards?Type=1&Cat=Cards&SubCat=AmericanExpressPoint

Недостаток на оваа опција е што картичката е прифатена само на банкоматите и терминалите на Силк Роуд Банка АД Скопје или НЛБ банка АД Скопје  бидејќи другите банки не ги подржуваат “American Express”. Дел од трговците избегнуваат употреба на терминали кои ја подржуваат оваа картичка бидејќи провизијата која им се наплаќа е повисока. Тука може да се погледат поволностите и повратот на средства во различни продажни места. 

Дополнително, се нудат и два вида на „American Express“ кредитни карички, кои освен споменатиот поврат на средства, нудат и дополнителни поволности:

  • “Gold” картичката вклучува и АМСМ членска картичка која нуди поддршка и поволности за возачите, а дополнително вклучува и годишно патничко осигурување.
  • “Green” картичката се издава бесплатно доколку е достигнат одреден годишниот обрт (вкупна сума на извршени трансакции).

Во моментов дебитна картичка со најповолни бенефити, која воедно е бесплатна и вклучува интернет банкарство е тиркизната картичка на Комерцијална банка АД Скопје . Оваа картичка може да се користи како алтернатива за трансакции за кои не може да ја употребите “American Express” Point дебитната картичка која (како што е споменато погоре) носи 1% поврат на средствата.

Извор: https://www.kb.com.mk/debit-mastercard-world.nspx#

Дебитната картичка на Комерцијална банка АД Скопје носи од 0.2% до 0.4% поврат на средства. Поврат на средства од 0.4% се добива за месечен обрт над 10.000 МКД. Овие средства не се враќаат директно во вид на пари, туку кога ќе се достигне потребниот месечен обрт, се добива 1000 МКД бонус во вид на gift картичка која може да се искористи во шопинг центрите “City Mall” или “East Gate Mall”.

Дополнително со оваа картичка корисникот и еден негов сопатник добиваат пристап до приватните ресторани  (airport lounges) на аеродромите во Скопје, Софија, Виена, Белград и Истанбул, кои се всушност најпосетуваните аеродроми од нашите патници патување и префрлање до следен лет кон финалната дестинација.

Халк банка АД Скопје  се доста иновативни со своите производи, и нудат повеќе типови на картички со различни бенефити. 

Нивната дебитна картичка “Visa Platinum” е глобално прифатена, клиентите можат да повлекуваат готовина без надомест од над 1,9 милиони банкомати низ целиот свет. Со оваа дебитна картичка добивате членство во нивниот “Премиум Клуб”, што нуди повеќе бенефиции и удобности. Имате пристап до над 1200 Lounge Key ресторани на аеродромите ширум светот при што првите две посети во годината се бесплатни. Оваа дебитна картичка доаѓа со дополнителни привилегии од Visa, вклучително глобална корисничка поддршка (GCAS), медицинско и патничко упатување, заштита при купување, продолжена гаранција, и интернационална премиум програма.

Најдобра кредитна картичка од “Халк банка АД Скопје  е “Mastercard World Contactless”. Со оваа картичка се добива бесплатен пристап до приватните ресторани на аеродром (airport lounges) на скоро 800 аеродроми во светот, за корисникот на картичката и еден негов сопатник.

Извор: https://www.halkbank.mk/mastercard-world-mk.nspx

Халк банка АД Скопје  нуди и компетитивна бонус програма, што важи за сите нивни кредитни картички: 

  • 3% поврат на средства во “Зегин” аптеките.
  • 3% поврат на средства на бензиските пумпи на “Макпетрол”, доколку плаќањето е извршено во викенд.
  • 3%  поврат на средства на Водовод и Канализација на режиските сметки.
  • Поврат на средства од низа трговци за трансакции извршени преку интернет (листа на интернет продавници за кои се нуди поврат на средства).

“MasterCard World Contactless” кредитната картичка на Platinum ниво годишно чини 4000 МКД, но доколку патувате барем неколку пати годишно и доколку користите приватните ресторани  (airport lounges) на аеродромите, поседувањето на оваа картичка е значителен бенефит бидејќи еднократен пристап до овие ресторани  за едно лице чини од  30 до 100 евра. 

Уште една кредитна картичка која ја издава Халк банка АД Скопје  и која го заслужува вашето внимание е Visa Gold Premium картичката која има чести промоции и нуди низа бенефити. Оваа картичка е достапна за клиенти на банката со редовни месечни примања од плата или пензија, како и за оние кои ја обезбедуваат картичката со депозит.

Картичката нуди кредитен лимит до 600.000,00 МКД, без ограничување во бројот на плати, што овозможува поголема куповна моќ за клиентите. Средствата се достапни 24/7 преку АТМ и ПОС терминали ширум светот кои прифаќаат Visa картички.

Одлична предност е вклучената полиса за осигурување од незгода со годишна премија од 600 МКД, која се обновува секоја година и важи насекаде и секогаш. Покрива ризици како смрт од последици на несреќен случај со осигурена сума од 300.000 МКД и траен инвалидитет со осигурена сума од 600.000 МКД. Важно е да се напомене дека трошокот за полисата го покрива банката и не се задолжува корисникот на картичката. Има минимален месечен износ за враќање на средствата од само 3%, што овозможува флексибилност и поново користење на средствата. Оваа картичка не бара жиранти, нема административна забрана од плата, и нема трошоци за одобрување.

Во изборот на вистинската банкарска картичка е важно да се земат предвид и вашите лични потреби и навики. Секоја од овие картички нуди уникатни бенефити кои можат значително да го подобрат вашиот финансиски живот. Од поврат на средства и привилегии на патувања, до удобност и сигурност, секоја картичка има нешто посебно за да понуди.

Изборот на соодветна банкарска картичка зависи од вашите специфични потреби и начинот на живот. Дали сте чест патник кој бара дополнителни удобности на патувања? Или можеби сте потрошувач кој сака да максимизира повратот на средствата? Размислете внимателно за вашите приоритети пред да направите избор.

Селекцијата на банкарска картичка треба да биде информирана одлука. Со вистинската картичка, може да уживате во бројни бенефиции и да ја зголемите вашата куповна моќ. 

Се надевам дека овој водич ќе ви помогне да направите најдобар избор за вашите финансиски потреби и цели.

За дополнителни информации, посетете ги веб-страниците на соодветните банки или контактирајте со нивните служби за поддршка на клиенти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk