Документарецот „Bitconned“ открива форми на запрепастувачко-лесни крипто измами

Неодамна-објавениот документарец на Нетфликс, „Bitconned“, започнува со едноставна премиса – сè што е потребно за да се започне измама е создавање на навидум легитимен профил на компанија, на платформи како LinkedIn.

Понатаму, документарецот фрла светлина на помрачните аспекти на пазарот со криптовалути, раскажувајќи ја приказната за тоа како три поединци манипулирале со крипто валутата за да измамат милиони од инвеститори.

Во светот на веб3 и криптовалутите, измамите за жал станаа периодична тема, со што често се нарушува репутацијата на секторот. Во изминатите неколку години беа забележани бројни случаи, како FTX измамата. Вакви ситуации оставија траен впечаток и, како резултат, се пројави брановиден ефект со сеопфатни последици.

Сепак, за многу претприемачи во оваа област, иако моментно циркулира негативно мислење за крипто индустријата, клучно е да се запамети дека овие измамнички активности се дејствија на неколкумина и не ја дефинираат целата индустрија.

„Измамници (scammers, прев. анг.) се наоѓаат во секој сектор, но кога една компанија во веб3 индустријата собира значителни средства, а потоа погрешно управува со нив, ефектите можат да бидат широко распространети, да влијаат на многу луѓе и последователно да се наслика погрешна слика за целата индустрија. Таков случај е FTX, но тоа беше првенствено показател за измама. Centra e уште еден сличен случај. Ваквите настани ги засенуваат позитивните чекори што ги направивме на ова поле – но до одреден степен, тоа е разбирливо“, вели Марк Тавернер, извршен директор на швајцарската фирма за финансиски услуги за криптоасети XEROF, за IT Logs.

Сите кои водат стартапи поврзани со крипто се соочуваат со различни предизвици, објаснува Тавернер.

Како основач на стартап, секогаш мора да сте подготвени да го очекувате неочекуваното. Разумно е да се има фонд за вонредни ситуации, за да се правилно справи со непредвидени околности. Дополнително, одржувањето на ликвидноста е од критично значење, особено ако собирате средства во крипто. Компаниите треба да обезбедат доволно резерви за покривање на дневните оперативни трошоци. Несреќниот инцидент на Nestcoin, кога тие собраа средства во FTT и ги загубија сите пари откако FTX пропадна, ја нагласува оваа точка“, истакнува Тавернер.

Ладен туш за индустријата

Покрај ова, документарецот „Bitconned“, служи како неопходно отрезнување и нуди увид во ризиците од измами со криптовалути. Исто како и процесот на спроведување на длабинска анализа за потенцијалните инвестиции, инвеститорите и другите играчи во индустријата треба темелно да ги проверат клиентите пред да соработуваат со нив, тврди Мери Педлер, основач на крипто и технолошката агенција за односи со јавноста INPUT Comms.

Како првични чекори, би започнала со проверка на веб-страницата на нивниот проект и социјалните медиуми. Објективните извори од трети лица можат да помогнат да се потврдат тврдењата на тимот: на пример, Crunchbase обезбедува податоци за претходно прибрани средства, информации за инвеститорите, локацијата и големината на тимот, со што се потенцираат потенцијалните проблематични показатели“, вели таа за IT Logs.

Дополнително, Педлер исто така врши дополнителни интернет пребарувања за проектот и за основачите, особено кога станува збор за крипто и веб3.

„Она што се поставува на интернет – останува на интернет! Ќе се изненадите што може да се појави во старите објави на форумот и коментарите под бројните вести. Во една ситуација, благодарение на ова го дознав вистинскиот идентитет на еден основач и открив дека тој бил поврзан со претходни измами и казни од ДИК. Пребарувањето на мајчиниот јазик на тимот кој го истражувате може да открие и релевантна содржина“, истакнува Педлер.

Кога станува збор за спречување на измама пред да се случи, подобрената верификација на идентитетот од платформи како LinkedIn ќе помогне во борбата против измамниците, што ќе го отежне лажното претставување на извршните директори. Различни играчи во индустријата, исто така, би можеле да имаат корист ако регулаторите навремено споделуваат информации за измамите на глобално ниво, бидејќи поголема координација ќе помогне да се затворат најлошите актери, што ќе го отежне провлекувањето низ пукнатините.

Ако тимот има никакво органско присуство во медиумите (туку само на промотивни, платени материјали), тоа е клучен проблематичен показател. Некои контроверзии, од друга страна, би значеле дека тие се вистински луѓе со историја, а не луѓе со лажни идентитети. Користете ја вашата мрежа: прашајте наоколу. Заедно, преку групна соработка, можеме да откриеме измами.

Не е забавно да се прават вакви проверки, но тоа е цената за прием во танцот со криптото. Има толку многу потенцијал ако сме паметни – но и малку скептични“. Педлер забележува.

Клучниот принцип на Web3: Направете сопствено истражување

Експертите, меѓутоа, ја нагласуваат отпорноста на проектите кои продолжуваат да функционираат и покрај флуктуациите на пазарот. Потоа, тука е и клучниот веб3 принцип, кој важи за секој што сака да влезе во индустријата. Web3 101 диктира: Направете сопствено истражување!

За Тавернер изминатата година сепак исто така покажала дека крипто-индустријата ја препознала потребата за регулација и надзор, и биле направени одредени чекори за правилно справување.

Во земји како Швајцарија, каде што постојат јасни правила кои го регулираат нашето работење, компаниите можат да ја покажат својата посветеност да работат во рамките на поставените упатства, а со тоа да добијат поголема доверба од инвеститорите и засегнатите страни“, објаснува Тавернер.

Иако крипто индустријата доживеа бројни неуспеси поради измамнички активности, важно е да се признае дека овие инциденти не се индикативни за индустријата како целина, истакнува тој.

Со соодветна регулатива, транспарентност и финансиско управување, веб3 компаниите можат да напредуваат и да продолжат да ја револуционизираат индустријата“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
kirev
kirev
5 months ago

Кои се Филип Бурчевски и Мартин Пејков?