Overlay Card Skimmer е најомиленото нешто во арсеналот на криминалците кои крадат податоци на кредитни картички. Оваа направа се поставува за само неколку секунди врз читачите на кредитни картички, а скоро е невозможно да предизвика сомнежи кај купувачите. Направата стои така со денови и собира податоци на стотици и стотици кредитни картички, се додека сопственикот не дојде и не си го повлече скимерот. Следното видео покажува колку лесно се поставува скимерот. Пробајте да трепнете и најверојатно ќе го пропуштите моментот кога се поставува врз читачот.
Ваквата направа собира податоци за кредитните картички, како и нивните PIN броеви. Истите потоа можат да се продадат или искористат за празнење на сметките. Интересно е што нема некое соодветно решение за да се искорени ваквата криминалистичка акција. Она што обично се препорачува е да не се брза при користење на картичката и да се провери убаво кон што се приближува.