Спонзорирано

Web Factory слави 13 години постоење

Спонзорирано од Web Factory

во ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

Овој 30 септември Web Factory прослави 13 години постоење на ИТ сцената во Македонија. Во 2009-та година, четворица инженери и најдобри другари решија да создадат место за работа кое ќе биде различно од веќе постоечките на пазарот.

Тоа се Тодор Панев, Михајло Штерјов, Илија Лалковски и Стефан Трајковски кои ја водат Web Factory и тим од 60+ луѓе кои креираат технолошки решенија за клиенти од сите страни на светот, користејќи ги најновите технологии.

За време на овие 13 години, Web Factory промени 8 канцеларии поради постојаниот, но стабилен раст на тимот, изработи над 100 проекти за повеќе од 50 клиенти од 4 континенти, организираше или беше дел од организација на настани како Rails Girls, HashCode hub, Mobile Monday, Google I/O и Apple WWDC viewing party, отвори преставништво во Токио и денес гордо може да се пофали дека е една од топ 10 ИТ компании во Македонија. 

Роденденот Web Factory го прослави во Охрид, каде се одржа и овогодинешниот team-building, што значеше дека конечно по 3 години на едно место се собраа сите членови на тимот. Тоа беше шанса за многумината кои се придружија за време на Covid-19 пандемијата да ја почувствуваат компаниската култура која ја креираат сите членови на тимот. 

„Пред 13 години, имавме визија да направиме компанија каде нема да доаѓаме на работа туку ќе доаѓаме за да учиме, да напредуваме, да се реализираме себеси. Нашиот фокус беше што ќе работиме, колку е тоа предизвикувачки и каков е потенцијалот. На почетокот започнавме со развој на мобилни апликации, иако се викаме Web Factory, со кои добивме неколку клиенти и го зголемивме тимот. По некое време почнавме да ги шириме услугите кон изработка на целосни продукти. Тимот константно растеше, како и палетата на технологии, клиентите, и пазарите. Никој од нас немаше замисла дека после 13 години ќе бидеме тука каде што сме. Прославата за 13-от роденден за нас значи многу, значи работа, труд, безрезервна помош, поддршка, и незаменливи пријателства со тимот. Нашиот план за во иднина е да го зајакнеме тоа што го имаме и да се посветиме на комерцијализирање на најновите технологии. Во исто време реализиравме и неколку сопствени продукти, но детали за нив ќе споделиме наскоро. Моментално работиме на неколку наши продукти од областа на ВИ (AI), gaming и fintech.“ – Илија Лалковски, ко-основач и CEO на Web Factory.

Како продукт во најнапредна фаза е нашето game development студио наречено Sindex, кое во моментот работи на својата прва игра Sci-Girl, во која практикантката Соња се соочува со секакви предизвици во лабораторијата на нејзиниот ментор. 

„Идејата, желбата и пасијата за создавање на видео игри кај нас постои многу одамна, од кога за првпат сме се запознале со нив. Sindex како студио, неофицијално започна пред четири години со создавање на одделот за игри во Web Factory со цел за да започнеме со работа на наш сопствен производ, идеја и желба што беше во нашите глави уште од самите почетоци. Цел беше да пласираме игра која покрај уникатната механика ќе изгледа квалитетно, ќе има интересна приказна и ќе биде достапна на компјутери и сите конзоли.  – Михајло Штерјов, ко-основач на Web Factory и ко-основач на Sindex. 

Годината што помина само потврди дека компанијата е на вистинскиот пат и дека следната ќе биде исто така успешна, па зошто и да не уште поуспешна. А, нема зошто да биде тоа проблем, со оглед досегашните успешно завршени проекти, како и уникатниот начин на работа во Web Factory кој се докажа дека може да постои кај нас и при тоа да носи одлични резултати.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Web Factory . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]