Спонзориран текст

Веб Фактори го зајакнува лидерскиот тим именувајќи го Илија Лалковски за Извршен Директор

Спонзорирано од Web Factory

во ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

Македонската ИТ компанија, Веб Фактори го соопшти назначувањето на новиот Извршен Директор, Илија Лалковски. Поставувањето на извршен директор игра клучна улога во стратегијата за раст и развој на Веб Фактори, која успешно делува на интернационалниот пазар од 2009та. Веб Фактори е домашна ИТ компанија посветена на развој на софтверски решенија и им овозможува на малите и средни претпријатија да се издвојат од конкуренцијата со иновативни дигитални решенија. 

Илија Лалковски, еден од четворицата основачи на компанијата, е дипломиран инжинер на ПМФ со бронзена медаља од Македонската Информатичка Олимпијада и своевремено дел од топ 5 македонски програмери на Балканската Информатичка Олимпијада. Во изминатите 12 години, како дел од основачкиот тим на Веб Фактори, Илија ги дефинираше основите на повеќе департмани во компанијата, како во бизнис така и во технолошките тимови. Основач е на AI департманот во Веб Фактори, и од изминатата година дел е од работната група чија цел е креирање на првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во државата.

Со оваа позадина, и докажаното искуство во развој на бизнис, зголемување профитабилност и градење конекции, Илија е совршениот кандидат за оваа позиција земајќи ги предвид неодамнешниот влез на Веб Фактори на јапонскиот пазар, како и растот на компанијата во Македонија. 

“Задоволство ни е да му посакаме добредојде на Илија на позицијата Извршен Директор” се изјасна останатиот дел од основачкиот тим, Тодор Панев, Стефан Трајковски и Михајло Штерјов. “Илија има заслужно место во индустријава и поседува репутација на оформен лидер кој има практичен пристап кон бизнисот. Очекуваме возбудлив период. Уверени сме дека Илија ќе го донесе вистинскиот спој на вештини и знаења за да го зајакне тимот на Веб Фактори во следното поглавје од нашата приказна“.

За Веб Фактори

Веб Фактори, македонска компанија за развој на софтверски решенија, им овозможува на веќе постоечки компании и стартапи да постигнат деловна ефикасност преку напреден сет на решенија и услуги. Компанијата им помага на своите клиенти да постигнат дигитална трансформација преку развој на софтвер, развој на веб и мобилни апликации, UX/UI инженерство, AI/ML, дизајн на системска архитектура, стратегија и развој на производи, ИТ консалтинг, поддршка и одржување, сето ова дизајнирано и развиено од тим на инженери искусни во сложениот развој на целосен систем.

Со 12+ годишно искуство во трансформирање на идеи во ефикасни дигитални решенија, Веб Фактори ја заслужија  довербата на 50+ клиенти низ Јапонија, САД, Канада, Австралија и Европа. Портфолиото наВеб Фактори вклучува 100+ проекти во ФинТек индустријата, здравството, угостителството, забавниот сектор, банкарството како и индустријата на човечки ресурси и регрутирање. Посетете не на www.webfactory.mk

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Web Factory . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk