Лесно создавање илустрации со Blush

во Веб, Совети

Кога се работи за правење впечатливи презентации, од исклучителна важност се илустрациите кои ги користите. За жал, не не бива сите во илустрирање, а дури и кога би не бивало, дискутабилно е дали можеме и сакаме да трошиме време и енергија на тоа. Токму поради тоа, постојат корисни сајтови како Blush.

Сајтот ви нуди стотици и стотици илустрации со бројни можности за нивно подетално уредување. Откако ќе го посетите сајтот, имате на располагање категории со илустрации од областа на образованието, животни, медицина, финансии, храна и ред други работи. Штом одберете категорија, следниот чекор е да одберете илустрација. Тука започнува најинтересниот дел. Скоро се што гледате на избраната илустрација, може да биде променето со само еден клик. Да ја земеме следнава илустрација за пример:

Во оваа илустрација можете да ја менувате позадината, начинот на кој седат, на што седат, што држат во рака, како се облечени и боите кои се искористени за елементите.

Откако ќе сте задоволни со вашата илустрација, можете истата да ја сочувате, споделите или преземете. Има многу илустрации кои можете бесплатно да ги уредувате, но поголемиот дел од илустрациите заедно со напредните опции на уредување и преземање се заклучени за месечна претплата. Добрата работа е што можете без проблем убаво да ги истестирате можностите, па дури и да започнете бесплатен пробен период на про верзијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk