Брзо и едноставно создавање илустрации без претходни познавања со DesignStripe

во Софтвер

Независно од тоа дали сакате да направите некоја презентација, да ги проширите вашите текстови на сајтот или пак да направите памфлет, потребни ви се квалитетни илустрации кои правилно ќе ја надополнат вашата мисла. Но, цртање илустрации бара или многу вештина, а со тоа и многу време, или пак многу пари. Згора на ова, во моментот кога ќе го добиете финалниот продукт не можете премногу да си играте со него и дополнително да го менувате. Благодарение на DesignStripe, се чини дека ова се сега главоболки на минатото.

Како функционира DesignStripe?

Сите илустрации во DesignStripe се уредно поделени во соодветни библиотеки. Откако некоја библиотека, односно категорија ќе ви привлече внимание, кликнете на неа за да добиете пристап до сите илустрации. Откако ќе кликнете на одредена илустрација, истата се отвара преку вградениот уредник. Од тука, имате на располагање бројни можности за детално уредување на илустрацијата. На сите предмети кои се дел од илустрацијата може да им се менува положбата и големината.

Еден ист објект можете да го замените со некој сличен, или целосно различен на него, како и да ги менувате сите бои кои се аплицирани на објектите, сè со цел да се добие тонот кој највеќе вам ви одговара. Доколку извлечете интересна комбинација со бои, можете таквата комбинација да ја сочувате и потоа брзо да ја аплицирате на некои други илустрации. Слично на ова, можете да ги извлечете сите бои од една илустрација, со што ќе останат само граничните линии. Или, можете да го менувате уметничкиот стил на кои се прикажани објектите, како и, преку само еден лизгач, органски да додавате или одземате дополнителни елементи.

Библиотеката од рачно нацртани и обоени илустрации се надополнува секојдневно и константно имате на располагање уникатни визуелни прикази. Она што навистина е за пофалба е едноставноста со која се користи алатката и никаква побарувачка за било какви вештини или познавања во дизајнирање илустрации. Сè е преку копчиња или лизгачи, а сите ваши промени се прикажуваат во реално време. DesignStripe е феноменална алатка која го заштедува вашето време и нерви, а ви дозволува да извлечете квалитетно визуелно остварување кои ќе има најразлични намени.

Бесплатната верзија на DesignStripe ви дозволува неограничен пристап и интеракција во библиотеката со бесплатни стилови. Паралелно со ова, имате максимална контрола врз прилагодување на целата сцена, а финалниот продукт го сочувувате во PNG, односно JPG формат. Од друга страна, 20 долари месечно ви дозволуваат целосен пристап до сите илустрации и сцени, како и можности за сочувување во SVG форматот.

Како еден од ко-основачите на DesignStripe е Џејмс Дајли. Талентираниот илустратор претходно има работено на Glyphy, како и DrawKit. Доколку барете илустрации, DrawKit е уште една исклучително корисна дестинација!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments