Оние што постојано фотографираат сигурно се нашле многу пати во ситуација да направат феноменална фотографија, но со неколку непотребни елементи во неа. Отстранување несакани луѓе или предмети од фотографијата знае да биде комплициран, долг и скап процес. Не и со SnapEdit!

SnapEdit е целосно бесплатна алатка која ви дозволува, преку веб сајт или засебна апликација, да поставите фотографија, лесно да одбележите што сакате да биде отстрането од фотографијата и за секунда да го добиете финалниот производ со отстранетите елементи. Процесот е исклучително брз, а резултатите знаат да бидат навистина импресивни.

SnapEdit навистина е бесплатна алатка и ви дозволува да користите фотографии во најразлични резолуции, односно големини, и да ги преземате во HD. Солидните резултати се можни благодарение на користење напредни AI алгоритми кои, исто така, се препорачуваат за средување стари, оштетени фотографии.