„Дрога во вашата пратка“: Како да се заштитите од сајбер криминалците

Сѐ започнува со непријатно изненадување, телефонски повик креиран да ги преплаши жртвите: „Пратка со вашето име содржи нелегални супстанции“. Од другата страна на линијата е мирен глас кој тврди дека е од FedEx (или некоја агенција за спроведување на законот). Пред да може жртвата да се освести, испраќа пари и открива приватни детали, сѐ поради имагинарни правни проблеми. Ова во основа е измамата „дрога во вашата пратка“ – измама која последниве неколку години е актуелна во Индија.

Како функционира измамата

Сценариото во измамата е едноставно, но за жал и исклучително ефикасно. Започнува со повик од лице кое се претставува дека е претставник на FedEx. Смирениот и строг глас тврди дека пакет со името на жртвата содржи наркотици или фалсификувани производи. Жртвата започнува да паничи. Наскоро, ситуацијата станува и посериозна. Повикувачот и нуди на жртвата да ја префрли да разговара со полициска станица. Жртвата се приклучува на аудио или видео повик од некој што се претставува како полицаец. Овој полицаец повикува на тајност, додавајќи дека станува збор за истрага која е во тек. Потоа доаѓаат и документите: фалсификувани налози за апсење и писма кои изгледаат како официјалните, од агенциита како CBI (Централно биро за истрага) или RBI (Централната банка на Индија).

Измамниците ја користат збрката и паниката  за уште повеќе да го зголемат влогот. Ја обвинуваат жртвата дека го користи Aadhar бројот – уникатен 12-цифрен идентификациски број во Индија кој е поврзан со лични и биометриски податоци – за да изврши криминал. Бараат чувствителни информации како што се детали за банкарска сметка за „верификација“. Конечно, на крајот се обидуваат да и помогнат на жртвата. Тврдат дека во текот на истрагата откриле дека жртвата е злоупотребена и потребна им е помош да ја спасат. Бараат трансфер на пари за да го „исчистат нејзиното име“ или „само“ да ги потврдат деталите за сметките. Најчесто до моментот кога жртвата ќе стане свесна дека станува збор измама, а паниката ќе престане, штетата е веќе преголема.

Неодамна тимот на Zero1by Zerodha успеа да стапи во контакт со еден од измамниците, па може да слушнеме и како целата измама изгледа.

Сведоштва на жртвите

Измамата е актуелна последниве неколку години. Иако изгледа наивно, жртвите губат десетици илјади долари. CyberPeace сподели сведоштва од 2023 година.

ИТ професионалец од Пуна измамен за 33480 американски долари

За еден ИТ професионалец во Пуна, кошмарот започнал на 11 ноември 2023 година. Претставувајќи се како службеници за сајбер криминал на полицијата во Мумбај, измамниците тврделе дека била пронајдена дрога во пакет поврзана со неговото име. Од страв да не биде уапсен, тој префрлил 2,79 милиони рупии (33480 американски долари) преку десет трансакции. Измамата била разоткриена дури откако пријавил во полиција, по што започнала вистинска истрага.

Закани поради „пратка во Тајланд“

Во октомври 2023 година, друга жртва била принудена да плати откако измамниците тврдеа дека неговото име е поврзано со пакет со наркотици наменет за Тајланд. Измамниците креирале лажни лични документи и упатиле закани за апсење. Жртвата за да го „расчисти“ случајот и да се спаси од прогон испратила бари на банкарската сметка на криминалците.

Изнудени 63600 американски долари од студент по маркетинг

Во август 2023 година, 25-годишна студентка по маркетинг изгуби 5,3 милиони рупии (63600 американски долари). Под изговор дека истражуваат пакет со дрога испратен во Тајван, измамниците спровеле голема измама. Во над 34 трансакции ги исцедиле сметките на студентката и на нејзината мајка. Заканите за правна постапка и апсење ги одвратиле жртвите од пријава и жалба во полиција.

Најголем дел од жртвите се од поголемите градови во Индија / Фотографија: grayom on Unsplash

Како да се заштитите

Ако не испаничите веднаш, измамата се открива релативно лесно. За жал, стравот и „итноста“ го отежнуваат откривањето. Дополнително, ако податоците на жртвата се дел од некое протекување на податоци, напаѓачот има повеќе податоци и може уште повеќе да ја исплаши.

Секогаш проверете
Откривањето на оваа измама е релативно едноставно. Наместо да верувате дека станува збор за FedEX или некоја друга агенција, побарајте ги директно. За време на измамата повиците секогаш се пренасочуваат до „полицијата“, но жртвата никогаш не се јавува самата.

Чувајте ги вашите податоци
Не споделувајте чувствителни податоци. Во случајот тоа се Aadhaar и банкарски податоци преку телефон, но може да бидат и броеви на лична карта или матичен број. Државните претставници не бараат вакви податоци неформално, ниту по телефон.

Побарајте вистинска документација
Не дозволувајте да ве излажат „официјални“ документи испратени по имејл или WhatsApp. Директно контактирајте го органот кој ги издава овие документи за да ја потврдите нивната автентичност.

Итноста е сојузник на измамниците
Измамниците се потпираат на страв и брзање да ги турнат жртвите во носење на ирационални одлуки. Не брзајте да префрлате пари или да споделувате информации.

Пријавете сомнителна активност
Ако се сомневате за измама, веднаш пријавете ја до локалните власти или до одделот за сајбер криминал. Навремената акција може да ги спаси другите да станат жртви.

Користете двојна автентикација
Зајакнете ги вашите онлајн сметки со 2FA. Ова додава дополнителна безбедност со што се спречува неовластен пристап.

Информирајте се и информирајте ги и другите
Разговарајте за најчестите измами со семејството и пријателите. Злоупотребата на добро информираната заедница е значително потешко.

Верувајте им на инстинктите
Ако нешто изгледа сомнително, веројатно е. Верувајте им на вашите инстинкти и проверете пред да направите што било.

TL; DR

Измамата со „дрога во пратки“ се темели на стравот и авторитетот на повикувачот, користејќи лажни повици, документи и итност за измама на жртвите. Заштитете се со проверка на тврдењата, заштитување на вашите податоци, и информирање за измамите.

Користете алатки како двојна автентикација и софтвер за сајбер безбедност за да ги заштитите вашите сметки.

Пријавете ја измамата веднаш и ширете ја свеста за да помогнете во изградбата на побезбедна дигитална заедница.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments